Ксеноестроген – тивкиот непријател на нaшето здравје кој секојдневно го внесуваме во нашиот организам

Ксеноестроген. Го има секаде, во храната, во козметиката, во пластичниот прибор за јадење. Не е биорзаградлив, се таложи во нашето тело и така се зголемува ризкот од низа здравствени состојби како што е рак, неплодност, а кај децата може да е еден причинителите за предвремено започнување на пубертетот.

-Оној естероген кој што го имаме во нашето тело е нашиот ендроген , се она што го внесуваме од надвор се нарекува ксеноестроген . Едни од најпознатите ксеноестрогени кои што мислам дека сите ги имаат слушнато се фитоестрогените кои што се најмногу застапени во сојата. Естрогенот кој што го внеуваме од надвор го внесуваме во многу поголема количина од колку што сме свесни затоа што практично е застапен секаде. Во храната во пестицидите па дури и во козметиката, дури и во опаковките на храната кои што се од пкластика. Практично ние сме во секојдневна комуникација со ксеноестроген , вели  Д-р Надица Божиновска Димова , специјалист по ендокринологија

Ксеноестрогените се подгрупа на хемиски состојки кои што се нарекуваат ендокртини пореметувачи. Тие ја нарушуваат функцијата на нашите природни хормони  и со тоа доведуваат до трајни последици  по нашето здравје .

Овие ксеноестрогени не се биоразградливи и се повеќе и повеќе се таложат во нашето тело. Па нашто тело обидувајќи се да се справи со нив ги складира во масните клетки. Со се поглемо таложење на естрогенот со се поголемо депонирање во масните клетки нашето тело има се поголем ризик од одредени состојби. Број 1 секако спаѓа рак на дојката, рак на тестиси, рак на простата, но тука станува ризик и за неплодност , ендометриоза кај жените , ризик за дебелина и дијабетес, вели Д-р Надица Божиновска Димова , специјалист по ендокринологија

Се смета дека тие се едни од причинителите за драстичните промени во почетокт на пубертетот кај децата.

– Педијатрите кај нас можат да потврдат дека тоа веќе одмна е пракса. Со таа доминација на естрогенот кај девојчињата се јавуваат порано некои промени се супримираат тестостеронските промени . Тоа е една од работите кои што не плашат, додава Д-р Димова

Ксеноестрогените ги има секаде и како такви тие  претставуваат еден невидлив непријател со кој што нашата борба допрва започнува.

Најмногу во процесирана храна , во пестицидите, треба да сме свесни за парабените во козметиката кое го има во речиси секој втор козметички производ а тоа е ксеноестроген. Ако јадеме овошје и зеленчук да се извади лушпата , доколку не може да се земе органска храна. Да се јаде што е можно помалку преработена храна .Не мора е да се пие вода од пастично шише. Пластиката исто така има ксеноестрогени. Во пластичните фолии за храна , пластичните садови што се загреваат во микробранова, вели Д-р Надица Божиновска Димова , специјалист по ендокринологија

Европската агенција за хемикалии уште во 2017 година, едногласно гласаше дека бисфенол А кој се користи за изработка на одредени видови пластика, има влијание на хормоните и може да предизвика сериозни здравствени проблеми. Ова, како што е наведено, предивикува еднаква загриженост за карциногени состојби, мутации и неплодност.

Анастасија Илиевска

Ксеноестроген – тивкиот непријател на нaшето здравје (убиец) кој секојдневно го внесуваме во нашиот организам 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста