Крпен живот – ниту две минимални плати не се доволни за да преживее едно семејство

Повеќе од две минимални плати во мај оделе за основните потреби на едно семејство, според последните податоци објавени од Сојузот на синдикати на Македонија. На едно четиричлено семејство во земјава во мај годинава му биле неопходни 49.025 денари за да ја задоволи минималната синдикална кошница.

Од нив, како што велат од Сојузот на синдикати на македонија 44,34% биле потребни за исхрана и пијалаци, 30,41% за домување, 3.196  денари за хигиена, 3.720 за превоз, 2.315 за облека и обувки, 1.067 за култура и 821 денари за одржување на здравје, или вкупно 44.047 денари. – Кога на нив ќе се додадат 4.977 денари инфлација, се доаѓа до 49.024 денари – прецизираат од синдикатот.

Оттаму додаваат дека официјално просечната исплатена нето плата по вработен во март годинава изнесува 34.925 денари, а минималната плата  изесува 20.175 денари.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста