Кривични пријави за крвавиот масакр во скопската Зоолошка градина

Кривични пријави заработија директорот и петмината вработени во скопската зоолошка градина за колежот на коњи, чие месо требало да послужи за хранење на дивите животни.

Во зоолошката Агенцијата за храна и ветеринарство затекнале и две живи животни, а во фрижидерите во склоп на кланичниот објект најдени се мрши од закланите животни

  • Утврдено е дека во објект кланица со комора во зоолошката градина, кој не е одобрен од Агенцијата за храна и ветеринарство, заклани се десет копитари, без соодветна документација“, соопштија денеска од Агенцијата за храна и ветеринарство-АХВ.

Град Скопје го разреши в.д. директорот Кристијан Стаменов, а тој вели дека таква била праксата отсекогаш и дека коњите кои биле болни и изнемоштени биле еутанизирани за да послужат за храна на месојадните животни.

  • Според важечка одлука на Управниот одбор на Зоолошката градина Скопје од кои последните 20год или откако постои оваа установа се врши таканаречено „економски искористување“ на животни кои во консултација со стручните лица од Зоолошката градина се во состојба пред умирање, болни, со видливи неизлечиви рани, инфекции и крајно изнемоштени животни кои не можат да бидат рехабилитирани вели Кристијан Стаменов – Поранешен директор на ЗОО Скопје.

На ова реагираше и здружението за заштита на живтони Анима Мунди.

  • „Згрозени сме од настаните во Зоолошката градина. Свирепо убиство на копитари е надвор од сите законски прописи и правилници и е нешто што не е одлика на нормална држава, туку примитивно племе“ велат оттаму.

Бидејќи месото од закланите копитари е од неидентификувани и нерегистрирани животни со непознат здравствен статус, Агенцијата за храна и ветеринарство издала решение да се уништи на депонијата Дрисла.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста