Кривичен пресуди: 18 години затвор за Анџело и Климентина, а 16 за Андреј за убиството на Денис Тот

„Ова е неправда“; „Ова не е убиство“; „Млади деца се“, беа коментарите што можеа да се слушнат од роднините по изрекувањето на пресудата.

Со плач, лелекање, неверување и негодување Ѓеоргиевски, Лефковска и Костовски, како и родителите и блиските слушнаа дека се убијци и дека заедно треба одлежат цели 52 затвор за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. Судот пресуди дека Тот починал како последица од ударите на Аџело, Андреј и Климентина која го удирала додека тој веќе лежел мртов на земја. Причината – банална – кавгата околу тоа кој ќе се вози со таксито. Анџело Ѓеоргиевски и Климентина Лефковска добија по 18 години затвор, а Андреј Костовски 16 години.

  • Анџело Ѓоргиевски (28) – 18 години затвор
  • Клементина Левковска (19) – 18 години затвор
  • Андреј Костовски (19) – 16 години затвор
  • „Оттука, Судот согласно член 114 став 2 од Законот за кривична постапка ги задолжува обвинетите солидарно на секој од законските застапници на покојниот оштетен Денис Тот и тоа мајката Татијана Тот и таткото Игор Тот да им го надоместат имотно правното барање и на име на нематеријална штета, односно справедлив паричен надоместок за смрт на нивниот син да им платат износ од по девет милиони денари, а на оштетениот братот Борис Тот солидарно да му платат износ од осум милиони денари, а сето тоа во рок од шест месеци сметано од денот на правосилноста на пресудата“, посочи судијката.

За овие високи казни, судот ги зел в предвид олеснителните, но и отежнувачките околности, како што се фактот дека криеле од итната помош дека го натепале, а и случајот не го пријавиле во полиција. Пресудата не е правосилна, но тројцата ќе останат зад решетки во притвор поради опасност од бегство. Обвинителката Тања Трајчевска е задоволна од изречената казна.

  • „Казната е во рамки на законски предвидената казна. Правилно се оценети“ -рече Трајчевска.

За разлика од неа, адвокатите на осудените ќе се жалат, затоа што сметаат дека изречените казни затвор се драконски, но и дека делото за кое одговараат – убиство – е пресилно, затоа што сепак станувал збор за тепачка без намера некој да биде убиен.

  • „Фактите не се правилно оценети. Пресудата ќе биде обжалена, превисока е определената казна. За нашата обвинета Клементина во никој не постои ова кривично дело убиство. Да, има преземено одредени дејствија, удар, но од нејзиниот удар нема настанато смрт во никој случај. Сами видовте од безбедносните камери дека нејзините удари не се такви кои би нанеле смрт. Не постои во ниеден момент прекин на ’рбетниот мозок“ забележа адвокатот – Емил Гугучевски – Адвокат на Климентина Лефковска
  • „Анџело има полуинвалидна рака. Ракометар на еден натпревар сигурно добива десет пати посилни удари, но секако дејството на алкохолот си го прави своето. Тој можеби и само ако бил турнат ќе паднел, но тоа е констатацијата. Затоа на сите овие елементи ние ќе поднесеме жалба по добивањето на пресудата“,изјави Танев.

Денис Тот беше убиен на 7-ми април годинава пред скопска дискотека, а почина следниот ден на скопската клиника. Во јавноста се рашири видео од тепачката пред дискотеката, на кое се гледа како обвинетите го удираат Тот, тој паѓа на асфалтот и останува без знаци на живот. Обвинителниот акт беше поднесе во јули годинава, а судењето почна пред три месеци.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста