Кој ќе стигне носи туристи и ученици на екскурзии, зошто се изигрува законот за туризам?

Охрид станува туристичко „Елдорадо”, а акедонија златна земја во која преку ноќ се обогатуваат луѓе кои изигрувајќи го законот за туризам, на своја рака организираат патувања не само во внатрешеноста на државава, туку и надвор од неа. Се организираат верски патувања, ученички,фолклорни па дури и пензионерски екскурзии. Туризмолозите изнесуваат шокантни сведоштва за тоа кој, кога и како организира патувања и како се раскусуруваат, односно во чии џебови завршуваат парите од патниците.

  • “Тие т.н. поклонички екскурзии и јавно на фејсбук се објавуваат дека ги организира или да се јави кај некој отец. Конгресите, семинарите, предавањата, често пати ги организираат некои лица вработени во министерствата или во некои други институции кои дирекно се договараат со хотелите. Исто така директорите се посредници при организирање на школски екскурзии. Не можете Вие да организирате туристичка или поклоничка група надвор од Македонија, а да немате А лиценца и на граница да не Ве праша никој како излегува групава, преку која агенција е групава?”, вели туризмологот Владо Суклоски.

Прашање е кој ја гарантира безбедноста и сигурноста на патниците кои не ретко се деца водени од професори,како тие излегуваат од државава, како пограничните власти воошто им дозволуваат да преминат преку граница, иако станува збор за поединци кои не поседуваат никаква лиценца за тоа?

  • “Се наплаќа дирекно на организаторите, се наплаќа кај професорите, се наплаќа на други места така што тука се соочуваме со еден голем проблем кој долги години трае и никако да се реши. Многу е добро познато дека секое патување што се организира надвор од земјава мора да го организира агенција со А лиценца”, вели Јаким Маленко, сопственик на туристичка агенција.

Во законот за туризам стои дека здруженија на граѓани,културно уметнички друштва и асоцијации не смеат да организираат никакви туристички патувања без посретство на лиценцирана туристичка агенција. Но тоа важи само на хартија, во пракса покрај верски лица, професори и директори на училишта, туристички агенции изигруваат дури и здруженија на пензионери.

Бидејќи повеќе од две децении не постои Асоцијацијата на туристички агенции, тие сами не можат да се борат со оваа нелојална конкуренција, а Стопанската комора за туризам и угостителство велат, не доволно работи на заштитување на нивните права.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста