Кој и зошто ја крие серијата „Црвениот поет“ од очите на јавноста

Наводно никој не знае зошто не се емитува „Црвениот поет“, проект финансиран со 23 милиони денари, народни пари, посветен на македонскиот поет Кочо Рацин.

Министерството за култура не препраќа во Агенцијата за филм, Агенцијата за Филм во Македонската радио телевизија, а Македонската радио телевизија во продукцентската куќа.

Сите си ја префрлаат одговорноста а никој не кажува дали се точни шпекулациите во јавноста дека серијата е ставена во фиока за да не се вознемирува Бугарија бидејќи во неа е прикажано заробувањето на Кочо Рацин од страна на бугарските фашистички војници и неговото измачување во логорот Корница.

Во меѓувреме подуцентот Владимир Анастасов продолжува да добива државни пари и да работи на нови проекти, иако овој се уште го нема видено светлото на денот.

Продуцентот уште пред неколку месеци тврдеше дека серијата ја понудил на неколку телевизии, но, никој не сакал да ја емитува поради различни причини. Ова тврдење веднаш беше демантирано од неколку телевизиски куќи со национална концесија, велејќи дека никогаш не им била понудена.

Пред неколку дена за Алфа тврдеше дека и во моментов преговарал, а сега е недостапен за коментар и за одговор на новите прашања кои се појавија.

Извори од јавниот сервис, МРТ, пак велат дека тој ја понудил серијата колку да ја понуди и се однесувал како да не сака да биде емитувана – Аплицирал на крајот на буџетската година и побарал огромна сума на пари, а откако проектот не бил одобрен, не се јавил на ниту еден друг јавен повик.

Токму ова е најголемиот сомнеж – Зошто барал пари за емитување кога целата серија е финансирана од државниот буџет и дали ја понудеил фиктивно само за да го испочитува договорот со Агенцијата за филм и да ги оправда милионите кои ги добил.

Во меѓувреме Агенцијата за филм продолжува со сомнителната распределба на пари.
На последниот повик чии резултати беа објавени неделава, најмногу пари или повеќе од 700 илјади евра доби филмот „Белиот“ на режисерот Игор Иванов – Изи, актуелниот претседател на Друштвото на филмските работници и син на еден од главните апологети на СДСМ, новинарот Зоран Иванов.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста