Кочанските активисти на нозе, не дозволуваат градење на хидроцентралата кај Мала река

Стартот на изградбата на малата хидроцентрала кај Мала река, во близина на брана Гратче, повторно на нозе ги крена кочанските активисти кои неколку години се спротиставуваат на нејзината изградба. Сега најавуваат масовни протести. Тврдат дека со пробивање на пристапен пат до локацијата и поставување на цевководот, ќе се дегреадира шумскиот појас и ќе се уништат минималните водни ресурси.

„ Очигледно е дека сите се оглушуваат, посебно институциите на сите наши апели. Секаде не убедуваат дека е доцна, дека ги добиле сите дозволи, а никој не праша кој и зошто ги дава тие дозволи. Зошто им се дава да го коритат патот што граѓаните секојдневно си го користат? Колкави се тие камиони, кога почнале да копат?  Ние ништо не знаеме„ изјави Зоран Тодоров од Граѓанскиот одбор„За здрав живот во Кочани„

Активистите порачаа дека ќе го искористат и Законот за слободен пристап до информации, за да направат увид во целосната документација. Посочуваат дека мислњата на екперти се дека, оваа мини хидроцентрала нема да биде рентабилна. Градењето на објектот ќе предизвика еколошка катастрофа со исушување на речното корито, со што ќе се наруши природниот биланс.

  „Не постои цена која може да биде поскапа од здравјето на граѓаните, од иднината на нашите деца и не мислете дека доколку не плашите со високи обештетувања, дека ние ќе се уплашиме и ќе престанеме со борбата за подобра иднина на нашите деца и поколенија рече Тодоров од Граѓанскиот одбор„За здрав живот на Кочани„.

Од Општина Кочани, информираат  дека е направен увид во сите дозволи за мини хидроцентралата и не постојат никакви правни пречки за да се одложат или забранат градежните активности. Во согласно тоа, ќе биде издадена и дозвола за привремено користење на локалниот пат, а општината во рамки на законските прописи ќе бара надомест за оштетувањето и санирањето на коловозот и другата патна инфраструктура. Градежните работи треба да завршат до крајот на годината. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста