Коцарев: Да не дозволиме да се промени Уставот и Македонија да исчезне

Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев, во интервју за порталот „Експрес“ ги повика македонските политички партии да дејствуваат против исчезнувањето, партизацијата и демакедонизацијата на Македонија, бидејќи како што вели, само така можат да ги спречат поморот на македонскиот род, бришењето на македонското име, дерогирањето на македонскиот јазик и дезавуирањето на се што е македонско.

Коцарев повторно ги повикува сите пратеници во Собранието едногласно да се изјаснат против уставните измени и против внесување на Бугарите во Уставот на Македонија. Според него, препораките на македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања треба да се маргинализираат со образложение дека, иако Македонија е за ЕУ и посветено работи на почнување на пристапните преговори, досегашните препораки, сепак, немаат научен, туку содржат уценувачки предзнак.

-Прашањето „за или против ЕУ“ е бесмислено, но секогаш кога претседателот на МАНУ или некои членови на Академијата аргументирано ќе ги оспорат договорите со Грција и со Бугарија, веднаш Академијата ја добива етикетата „антиевропска“. Повеќе пати сум пишувал и говорел, а верувам и дека сите членови на МАНУ ќе се согласат со мене, дека МАНУ не е против ЕУ, туку напротив, МАНУ е за ЕУ, но за Унија во која Македонците ќе бидат рамноправен и достоинствен народ со сите други народи во ЕУ, вели академик Коцарев.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста