Котлар Трајкова во „За или Против“: Јас оние кои што сега се на власт ги именував како политички чудовишта

Тема на која вечерва во „За или Против“ на Алфа дебатираат универзитетската професорка Наташа Котлар Трајкова и Сотир Костов е „Кога власта ќе го слушне гласот на народот?- Дури 80 проценти од Македонците се против внесувањето на Бугарите во Уставот“.

Според универзитетската професорка по историја Наташа Котлар Трајкова, никако не смее да си дозволиме како држава внесување народ кој го негира постоењето на македонскиот народ, јазик и култура.

-Во денешново време ние имаме време на квази политичари, на несоодветни политиканти во нашава сфера. Јас оние кои што сега на власт ги именував како политички чудовишта, бидејќи тие не се во состојба да живеат од својот труд. Јас ги ценам луѓето кои што работат создаваат и имаат некаков труд. Во оваа држава таа власт која што дозволила народот да и гладува, народот да заборави на својата национална историја, тоа е погубна власт. Затоа ако тие беа соодветна власт, најпрво ќе реагираа на декларацијата која што ја донесе народното Собрание, некаде беше доцна есен 2019-та година, после следеа нели и други бугарски документи, меѓутоа од нашава номеклатура ние не слушнавме ни еден збор или рамноправност или реципрочно однесување кон другата страна, изјави Котлар Трајкова.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста