Котлар Трајкова во „За или Против“ за „Егејците во Уставот“: На власт имаме луѓе кои се прво неуки, неспособни, можеби и со дипломи од чуден карактер

Тема на која вечерва во „За или Против“ на Алфа дебатираа универзитетската професорка Наташа Котлар Трајкова и Сотир Костов е „Кога власта ќе го слушне гласот на народот?- Дури 80 проценти од Македонците се против внесувањето на Бугарите во Уставот“.

Универзитетската професорка Наташа Котлар Трајкова говореше и за изјавата на заменик министерката Викторија Аврамовска Мадиќ, која што кажа со внесувањето на Бугарите во Уставот, ќе влезеле и Егејците, за подоцна се правдаше дека било лапус. Според Котлар Трајкова на власта премногу често и се случувале лапуси кои не смелее да и се случуваат.

 -Ова зборува дека ние си имаме луѓе на такви позиции кои што се прво неуки, неспособни, можеби и дипломите им се од чуден карактер, можеби ги купиле, бидејќи човек што вложил труд. Многу често имаме лапсуси во таа владина кореографија и сценографија. Често пати ни се случува да видиме погрешни знамиња, ни се случува да ни се преплетуваат приватното со државното, ни се случува да не знаеме што значи реципрочно и рамноправно однесување кон друга земја или кон определена заедница. И најпосле ако сакате кон ЕУ ако сакаме и целиме, ова се што ни се случува би требало многу оставни да има. Во ЕУ не можете вие да се дозволите такви лапсуси и такво однесување од политички карактер, изјави Котлар Трајкова.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста