Костов во „За или Против“: Само зад розовите очила на премиерот Ковачевски реалноста се гледа розова, а таа е грда и црна

Тема на која вечерва во „За или Против“ на Алфа дебатираа универзитетската професорка Наташа Котлар Трајкова и Сотир Костов е „Кога власта ќе го слушне гласот на народот?- Дури 80 проценти од Македонците се против внесувањето на Бугарите во Уставот“.

Аналитичарот Сотир Костов говореше околу реториката на премиерот Димитар Ковачевски, кој цело време ни говори дека државата била на правиот пат, сме имале многу пари и уште што не, што не соодејствува со реалната слика. Според Костов тоа премиерот го говори кога ќе ги стави своите розови очила кои понекогаш можеби и треба да ги извади, порачува тој. .

-Се потсетив на еден синдром, феномен кој се вика Семион Семионович, од тоа боледува нашиот премиер, боледува е метафора. Значи апсурдистот Даниел Хармс, раните 20-ти години од 20-тиот век го има овој феномен обработено, кога вие ставате розови очила и реалноста ја гледате розова, а она е грда и е црна. Значи премиерот синоќа кога сакаше да каже како Македонија ја гледа ќе си ги стави овие розови очила на Семион Семионович и кажува имаме највисоки плати, имаме највисока просечна плата, имаме највисоки пензии, студентите се задоволни, учениците… А кога ќе ги симнеме тие очила што гледаме, имаме здравство без лекови, имаме здравство се извинува, деца мали починуваат, поради тоа што немаат пари да купат инструменти и лекови, да ги лекуваат или да ги оперираат, а имаат пари за 78 проценти да ја зголемат платата. Немаат пари на пензионерите малку посериозно да им ги зголемат пензиите, немаат пари за социјалата. Тие синдроми нив ќе ги уништат и лично мислам дека они се веќе во опасен пад во провалија, од која никој пат нема да излезат, ова е политичка метафора, порача Костов.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста