Костов во „За или Против“: Ако Бугарите влезат на ваков начин во Уставот, ние излегуваме од историјата

Тема на која вечерва во „За или Против“ на Алфа дебатираа универзитетската професорка Наташа Котлар Трајкова и Сотир Костов е „Кога власта ќе го слушне гласот на народот?- Дури 80 проценти од Македонците се против внесувањето на Бугарите во Уставот“. Аналитичарот Сотир Костов е на ставот дека одамна предупредувал дека Грција не ни е најголемиот проблем на патот кон ЕУ, туку дека тоа е Бугарија.

-Ако влезат Бугарите на ваков начин во Уставот, уценувачки и под притисок ние излегуваме од историјата. Многу одамна во една телевизија која не постои, пред седум- осум- девет години, меѓу првите со една екипа со која подготвувме емисии, за тоа што ја очекува Македонија на патот кон ЕУ, ние меѓу првите кажавме дека не е само Грција опасност и пречка, фортификациска или дипломатска, политичка не знам каква, друго би рекол безобразна пречка на Македонија на патот кон ЕУ, туку на најопсна е Бугарија, изјави Костов.  

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста