Коридорите ќе се градат – остануваат сомнежите за корупција во договорот со „Бехтел и Енка“

Баснословни суми за плати на специјалисти, енормни пенали, менување на тендерски постапки ,  противуставно менување на закони и низа други контроверзи  врзани за договорот со „ Бехтел и Енка . ВМРО – ДПМНЕ со месеци наназад обелоденува и предупредува за она што стои во договорот кој стигнал до нив од свиркачи, а власта во најголем дел ниту демантира ниту потврдува.

Последната во низата контроверзи е сумата која треба да се исплати на специјалистите кои ќе бидат ангажирани во наредните пет години по договор за автопатиштата  дури 1200 евра на ден, па и за време на викенд.

И не само овие пари  . ВМРО- ДПМНЕ претходно на брифинг со новинарите предупреди дека граѓаните ќе ги плаќаат коридорите по нереално висока цена. Само за ископ на подповршинска земја „ Бехтел и Енка“ ќе наплаќаат по 20 милиони евра

„Во делови од договорот има ставки за кои нема цена односно пишува „ќе биде дефинирано“. Тоа се трошоци за релокација на постоечки објекти, за системот за телекомуникации, за звучни бариери, за контрола на сообраќајот, за изградба на патарини, за електрификација и осветлување на патот и на тунелите, за вентилација на тунелите, за противпожарна заштита и слични ставки.“ – Појаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај нереално високите трошоци,  Македонија се обврзала на пенали ако не ги смени законските измени , истите оние што се протуркаа на брза лента во собрание .

Поедноставено ако не се усвои закон за експлоатација и робовладетелство или ако работниците не работат како робови граѓаните ќе платат еднократно 53 милиони евра, или 2.165.000 евра секој месец, Согласно истиот договор Македонија ќе ги плати овие пари доколку законот за 60 часовна работна недела не се донесе во рок од 45 дена по потпишување на договорот со Бехтел и Енка. Пишува дека дури и да се донесе законот после овие 45 дена сумата од 53 милиони евра сепак ќе се плати“, рече Александар Николоски .

И не само што се смени законот за работни односи кој ќе удри по работниците, туку на коридорите ќе работат 70 отсто странскии а 30 отсто домашни компании . Доколку се испостави точно ова тврдење на опозицијата, комплетно се демантира ставот на Владата дека 51 отсто ќе бидат домашни работници .

Скандалите не застануваат тука. Доколку се случи некаков спор околу спроведувањето на договорот,  ВМРО – ДПМНЕ тврди дека тој ќе биде решаван според законодавството на Англија и Велс, односно според англосаксонскиот модел, кој е некомпатибилен со нашиот континентален правен модел.  

Според она што досега се пласираше во јавноста се чини контроверзи има многу  , не само за склучениот договор со „ Бехтел и Енка“ туку и со надзорот. Тројката компании која ќе ги надгледува работите ја тресеа низа скандали. Од недоволно искуство, до директори барани со потерница и добивање лиценци по пробиени рокови

7 дена пред истекот на рокот за поднесување на понудите од страна на заинтересираните фирми за вршење на надзорот тежок 22 милиони евра, власта го продолжува рокот од 17.10.2022 на 25.10.2022, односно за цели 8 дена. Ова не е единствена измена, покрај продолжување на рокот за поднесување, е изменет и условот со кој се бара понудувачот да приложи Извештај за билансна состојба и податоци од биланси за 2019, 2020 и 2021 година, кои треба да бидат позитивни и да бидат издадена од странска реномирана институција, регистрирана за вршење на ревизија. Со измената се брише позитивни и се бараат само билансни состојби, но не и повторувам позитивни, туку тие може да бидат и негативни, т.е. фирмата која ќе го земе 22 милионскиот тендер за надзор владата смета дека може да биде и во загуба 3 финансиски години по ред.

Сепак сите предупредувања и од опозицијата  и од меѓународната заедница не ги спречи главните актери вчера по трет пат да одбележат старт на градежните работи . Овој пат наместо откривање табли имавме ископ на една дупка.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста