Конечно објавен протоколот –  без потпис и печат и со оврски за Македонија

Ревизија на историјата преку промена на учебнивите по историја и географија.

Протоколот предвидува најдоцна до учебната 2024/2025 усогласување на ставовите во историската комисија за учебниците.   Министерот за надворешни работи Бујар Османи го листаше Протоколот пред новинарите и  уверуваше дека има реципроцитет во овој дел, но нема никакви гаранции дека донесените одлуки нема да бидат целосно во интерес на Бугарија затоа што таа  и натаму го има правото на вето па Македонија ќе биде под постојан притисок.

Целта на овој Протокол е да ги подобриме односите со Бугарија. Ние не можеме да одиме во Европска унија ако немаме добри односи со една земја-членка“, рече Османи.

Македонија не може да ги почне преговирте без промена на Уставот и да ги внесе Бугарите , а Бугарија нема никаква обврска да ги внесе македонците кои живеат таму , всушност нашата Влада веќе се откажа од нив со Договорот со добрососедство. според Османи бил најдобриот компромис  е што Македонија го добила. Османи го заобиколи одговорот на прашањето :Што доколку не ги вметнеме Бугарите во Уставот,  туку кажа дека не гледа спорно ништо во тоа.

Таму има еден милион Турци, кои не може да регистираат турска партија, тоа е системот на уредување, такви се и Франција и Грција. Уставот не препознава организирање на граѓаните на етничка основа. Кај нас Уставот е поинаков, вели Османи.

 Во Протоколот Македонија уште еднаш се опбврзува дека нема да се меша во внатрешните работи на Бугарија што очигледно не е случај и за Софија кон Скопје, па оттука е нејасно за каков реципроцитет зборува Османи . Дополнително Македонија ќе треба да и ги даде на Софија на увид архивите за сите државни служби за периодот 45 – 91 за наводни репресии во време на комунистичкииот систрем.

Османи појаснува дека Протоколот во правна форма е Записник од досега сработеното на ниво на двете држави и мерки кои ќе треба да се спроведуваат во иднина, а сите ќе  зависат од едногласната одлука на мешовитата комисија

Во она што беше презентирано може да се види дека во првиот дел од  Протоколот се вметнати работите на меѓусекторските групи, додека во вториот дел се мерките тематски претставени кои го решаваат пакетот 5+1 од договорот за Добрососедство.

Третата точка во Протоколот се однесува на говорот на омраза, односно како што објаснува Османи, според нашето законодавство говор на омраза ќе се смета омоловажување на другата држава дури и Владите да не финансираат проекти како документарни филмови кои би вклучиле омоловажување на другата страна, а главната Одлука и за ова ќе биде  кај мешовитата комисија. Османи уверува дека во вторник нема да е класична прва меѓувладина конференција туку започнува скринингот истиот ден , а во ЕУ иако од бугарската страна се децидни дека нема да го признаат јазикот  ќе сме влезеле со чист македонски јазик а потврда за тоа гледа во договорот кој ќе биде потпишан со ФРОНТЕКС на Македонски јазик.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста