Комисија за стручен надзор: Јана пред 6 месеци имала Ковид, во лекувањето биле преземени потребните чекори

Kомисијата за стручен надзор, за случајот со лекувањето на 6 годишната Jана, во Kлиничка болница – Bитола, констатираше дека според анамнезата, клиничкиот преглед и работната дијагноза, се преземени соодветни чекори, во однос на анализи, третман, и опсервација на пациентката. Oд анамнезата има податок – за прележан ковид, пред шест месеци.

По направените лабораториски анализи, наодите укажувале на мускулно-воспалителна реакција, со покачени вредности на креатин киназа, во рамки на вирусна инфекција, која го зафатила и срцевиот мускул, со покачена вредност, на срцевиот ензим-тропонин. 

По влошување на состојбата, заклучок на комисијата, е дека се преземени потребните чекори, согласно медицина – базирана на докази и клиничката слика на пациентката. 

Комплетниот извештај од Комисијата за стручен надзор, ќе биде проследен до јавното обвинителство, велат од таму преку писмено соопштение.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста