Комисијата за употреба на имиња на личности даде негативно мислење за употреба на името „Иван Михајлов“

Централниот регистар нема добиено известување од министерството за правда дека е донесена одлука кои од бугарските невладини организации ќе бидат избришани од нивната службена евиденција,иако рокот истекува денеска. Од министерството за правда пак кусо, информираат дека комисијата за употреба на имињата ќе одржела состанок во текот на денов по што ќе ги објавеле донесените заклучоци.

 Од културниот центар “Иван Михајлов” со седиште во Битола се изјаснија дека не само што нема да го менуваат името на здружението,туку и дека правата ќе ги барале пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.Но од бугарското здружение цар „Борис Трети“ од Охрид, поднесоа барање за промена на името, но не комплетно-велат од Централниот регистар.

Централниот Регистар  нема добиено известување за неусогласеност од страна на министерот за правда по претходно добиено негативно мислење од Комисијата за употреба на имиња.Што се однесува на здружението Цар Борис III,постапаката сеуште е во тек и здружението до денес нема одговорено по известувањето од Централниот регистар. По завршување на постапката пред Централниот Регистар , ќе се достави известување до Министерството за правда На одлуките донесени од Централниот регистар, согласно закон е дозволена жалба.”, информираа од Централен Регистар

Наспроти официјалниот став од Централниот регистар,на фејсбук страна на организација Фондација Македонија, повикувајќи се на изјава која претседателот на здужението Томе Блажески ја дал за извесен портал, тврдат дека од Цар Борис не поднеле барање за промена на името на здружението. Во врска со ова се обидовме да стапиме во контакт со Блажески, но безуспешно. Случајно или не,телефоните на добар дел од членовите на Цар Борис III денеска беа искличено. Но, новоосвестен бугарин кој сакаше да остане анонимен, а е познат на нашата редација вели дека во меѓувреме,во  здружението имало смена на лицата кои претходно биле поставени на одредени одговорни позиции и дека преку ноќ за секретар бил поставен Христијан Пендиков, кој сега ужива лагоден живот во Бугарија под закрила на тамошните власти,по инцидентот со тепачката- случај кој влегува во Европскиот Парламент,односно во извештајот на европската комисија.Што се случува со здружението не знаеме, ниту ние не испеаваме да стапиме во контакт со Блажески, бидејќи целосно не изолира, а сакавме да дознаеме дали ќе има промена на името на здружението,вели нашиот соговорник кој како што вели од за него непознати причини одредено членство се држи на страна од здружението каде сега фугурираат нови лица.

Росица Голабоска

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста