Колку чини подготовка и прослава на матура?

Од 40 до 50 000 денари ќе му бидат потребни на едно семејство за годинава  да ја подготви и прослави матурата на своето дете.

Ако некогаш со овие пари можеле да се подготви веридба со сите салтанати, денеска со оваа сума ќе подготвите просечна матура. Без луксузи и без многу гости за домашната прослава.

Најпрво за фотографирање за училишно табло, цените се движат околу 1000 денари. Ако сакате професионална шминка и таа ќе ве чини најефтино 1000 денари но цените стигнуваат и до 3000 денари.. А потоа следува избор на облека и обувки.

Според податоците на Државниот завод за статистика:

Цените на обувките за само еден месец поскапале за 2,7%. Цените на фризерските услуги и центрите за разубавување за 0,9%, цената на ткаенините за изработка на облека и цените на рестораните за 0,8%.

За облека, шминка и обувки во просек ќе треба да одвоите од 10 до 12 000 денари. И овие цени се само доколку купувате во продавница. За облека потпишана од дизајнер ќе треба да одвоите и до три пати повеќе.

-Јас се подготвив на начин што фустанот ми е позајмен со тоа што ќе има мали измени. А околу шминка и фризура ќе се шминкам и фризура ќе правам сама. бидејќи треба да заштедам да имам за прославата . Цените се превисоки за шминка каде што прашував се околу 2000-3000 денари и мислам дека е премногу, вели за Тв Алфа една матурантка.

Но тука не завршуваат трошоците. Оние кои можат да си дозволат, ќе заминат на екскурзија низ Европа. Цените за 5 дневна посета на европските метрополи чини околу 20 000 денари. На оваа сума треба да се додаде и сумата за влезови во објекти како и пари за џепарлак.

Прославата во ресторан се движи од  1500 до 2000 денари. А доколку имате можност и сакате да прославите и дома со фамилијата и пријателите, најмалку што треба да издвоите за десеттина луѓе е 12 000 денари. Со овие како што народот ги нарекува луди цени, годинава со право матрурската прослава може да се нарече најлудата вечер во животот на средношколците.

Анастасија Илиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста