Кои професии ќе ги „убие“ вештачката интелегенција?

По појавата на првиот компјутер за лична употреба во 1973, по само 50 години, човештвото е соочено со технолошки подвиг кои поседува потенцијал да земени огромен број работни места, а десетици професии и специјалности повеќе да не се извршуваат од луѓе.

Огромен број научници и технолошки пионери во светот, предупредуваат за ризиците од вештачката интелегенција и повикуваат да се стави пауза на нејзиниот развој.

Нашите информатички експерти велат дека сме дојдени до момент што означува почеток на нова човекова ера, но сепак, не треба да се плашиме од машините кои размислуваат самостојно. Па неизбежно е прашањето кои професии би можеле да исчезнат со екстремно брзиот развој на оваа технологија?

  • „Канцеларските задачи генерално ќе бидат најмногу под влијание на вештачката интелегенција, затоа што доминантноста на знаењето кое што е акумулирано во овие модели е генерално многу значајно, многу големо, преицзно и ќе станува се попрецизно и подобро. Така што, во наредните 4-5 па до 10 години, ќе можеме да видиме една комплетна трансформација на тој процес.“ – Смета Проф. Др. Ѓорги Маџаров од ФИНКИ.

Тој вели дека технологијата е веќе тука и оти треба да ја разбереме и да ја искористиме, затоа што само така може да се надминат предизвиците кои ни ги носи.

Во меѓувреме, направивме еден експеримент. Ја прашавме најпозната интернет програма што буквално со човечка команда може да напише текст, песна, есеј, па и да замени цела професија, кои 10 професии може целосно да ги замени?

  • „Како виртуелен асистент, можам да изложам некои од професиите кои можат да бидат делумно или целосно заменети со мојата функционалност: Секретар/секретарка – можам да управувам со електронската пошта, да креирам и да уредувам документи; Банкар – можам да бидам користен за издавање на кредити и обработка на трансакции; Лекар – компјутерски програми можат да се користат за дијагностицирање и лечење на болести; Судија – можам да обрабувам правни случаи, Учител – можам да бидам користени за онлајн образование, групно учење и е-учење“. – Ни одговори ChatGPT.

Во меѓувреме, во есеј од 4 страници, технолошкиот пионер Бил Гејтс најави почеток на нова човекова ера, ера на машини кои размислуваат самостојно, што пак резултираше со отворено писмо, потпишано од над 1400 научници, лидери и информатичари, во кое предпредуваат дека вештачката интелегенција ги надминува човековите способности во многу области што кај нив предизвикува сериозна загриженост.

Професерот Маџаров вели дека се потребни строги закони кои ќе ја регулираат употребата на овие програми.

  • „Моделите учат од податоците, ние ги оставаме нашите податоци, треба да бидеме многу свесни за податоците кои што ги оставаме на моделите со кои што ќе можат тие да бидат обучувани. Ќе има во наредниот период, како што досега имаше една огромна наезда на согласности кои што ќе треба да ги потпишеме за овие податоци да може да се искористат за ти цели. Така да, многу строги регулативи, треба да размислуваме во тој правец дека треба да се донесат. Тоа е една од генерелните причини, поради кои што неколку земји ја потпишаа забраната за користење на Чет ГПТ.“ – Вели професорот Маџаров.

Многумина во светот се скептични за тоа, што ни носат новите технологии, па затоа, во разни држави, се ограничува или се забрануваа нивното користење.

Најновиот подем на вештачката интелегенција, „ЧетГПТ“ пред само неколку дена доби забрана за употреба во Италија, поради загриженост околу заштитата на лични податоци. Додека пак во Индија доби забрана за користење од ученици. Тамошните власти велат дека донеле таква одлука бидејќи програмата го нарушувала образовниот процес.

Професорот Маџаров смета дека секогаш е пробламатично кога се забрануваат технологии. Вели дека проблемот доаѓа од непознавањето на вештачката интелегенција, а оние кои ќе ја забранат, ќе бидат чекор поназад од оние кои ќе научат правилно да ја искористат.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста