Кои бизнисмени и политичари се во „Бумерангот“ на Боки 13?

Македонија без земјотреси, но вистинска вулкан ерупција од бомби од утре се најавува на јавната сцена. Аудио снимки и фотографии за висока корупција на функционери од Владата, Собранието, судовите, но и елитни бизнисмени од рацете на новиот бомбаш Бојан Јовановски, познат како Боки 13 се на пат кон обвинителството за организиран криминал и корупција.  

Кој се може да биде обвинет за корупција и влијание и на кого ќе му се урне интегритетот, бомбите можат да родат низа обвиненија за функционери од извршната, законодавната и судската власт. Актерите се опфатени во над милион фајлови за кои веќе во понеделник Јовановски ќе може и лично да сведочи.

Шефот на организиран криминал и корупција во обвинителството, Ислам Абази ќе има полни раце работа оти според тврдењата во Бумеранг, кодното име на операцијата се лица што се снимани, фотографирани и прислушувани. Дел од нив наводно биле се уште во власта. На барање на адвокатите на Јовановски, сослушувањето и разговорот со Боки 13 треба да биде снимен и документиран.

На снимките и прислушкуваните разговори според она што досега е изнесено во јавноста се договара криминал и корупција како и силно политичко влијание. Ова во неколку наврати досега го изјави и самиот  Боки 13 кој подолго време најавува дека поседувал бомби. Документите веќе биле и вештачени од страна на стручно лице, но вештиот наод дополнително ќе биде доставен до обвинителството, најави неговиот бранител.

„Вештиод наод е готов, но дополително ќе одлучиме во кој дел од предиситражната постапка ќе го доставиме. Повторувам уште еднаш, наодот сведочи за веродостојноста на доказите, вели адвокатот Сашко Дуковски.

Бумеранг е кодното име на оваа операција, кумот е непознат, но затоа пак бранителот на Боки 13, поранешниот судија Владимир Туфегџиќ вели дека името произлегува од материјалот на доказите. Каков бумеранг овој пат се крие во новите снимки и фотографии останува да видиме.

Бојан Јовановски е на два пати осуден по 9 години затвор за случајот Рекет и невладината Меѓународен сојуз, за пењере на пари, измама и противпрвно примање на награда и влијание.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста