Ковачки: Кога лажеше Kовачевски дека не служел војска – Пред 6 месеци или денес?

Освен што Димитар Ковачевски е дезертер, тој е и лажго – велат од ВМРО-ДПМНЕ и прашуваат кога премиерот лаже – сега кога тврди дека не служел војска зашто бил на операција или пред 6 месеци кога тврдеше дека никогаш не бил дел од АРМ зашто студирал и магистирал?

– „Дека премиерот дезертер Ковачевски е неспособен потврдија и од Министерството за одбрана, кои го потврдија документот објавен на социјалните мрежи, од кој јасно се чита дека премиерот е трајно неспособен. Едно е јасно, дека дезертерот Ковачевски треба веднаш да си даде оставка од премиерската позиција затоа што е трајно неспособен да ја извршува функцијата премиер. Трајната неспособност не може да се отклони, последиците од истата може само да се влошуваат. Ова е втор претседател на СДСМ, кој е неспособен, првиот беше Заев. И едниот и другиот се штета за Македонија. – Истакна Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова следи откако вчера премиерот Ковачевски на социјалните мрежи се правдаше оти опозицијата ги злопутребувала неговите здравствени предизвици. Тој тврдеше дека не бегал од служење на воениот рок, туку бил спречен поради хируршка интервенција. Но, ако сега оправданието е од здравствени причини, во одговор за Алфа од пред само неколку месеци, оправданието на Ковачевски беше дека студирал.

– „Јас кога завршив со студфиите, потоа се запишав на магистерски студии и откако заврши целиот тој процес во државата веќе немаше служење на воен рок.“ – Исткна Ковачевски на 31.01.2022

Од СДСМ повоторно застанаа во одбрана на својот лидер. Оттаму се уште тврдат дека во јавноста се пласираат невистини, но, не демантираат дека Ковачевски избегнал да си го отслужи воениот рок.

– „Фатени со рацете во медот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нервозно објавуваат лаги и манипулации за претседателот Ковачевски. Колку е очаен шпицниот градоначалник Мицкоски, покажува примерот со Драган Ковачки. Ковачки беше Полковник во АРМ но политички дезертираше и ја напушти Армијата за да му слугува на Мицкоски како пратеник.“ – Соопштуваат од СДСМ.

Од министерството за одбрана индиректно ја потврдија легитимноста на документот од евиденциона книга на АРМ, во кој пишува дека Ковачевски е трајно неспособен за служење војска. Оттаму вчера сооштија дека документот кој се првично се појави на социјалните мрежи бил класифициран како воена тајна односно строго доверливо.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста