Ковачевски спремен на се само да ги внесе Бугарите во Уставот

Димитар Ковачевски е подготвен на се само за да ги внесе Бугарите во Уставот. Премиерот вели дека тоа е приоритет, но без конкретен коментар и за други измени на највисокиот правен акт, како на пример барањето на неговите коалициски партнери од Алијанса за бришење на формулацијата 20% и прогласувањето на Албанскиот за втор службен јазик.

„Ќе биде формирана комисија на високи ниво ќе бидат вклучени експерти, професори, аналитичари, кои ќе работат на овие уставни амандмани кои ќе бидат ставени на јавна расправа и нормално во тој процес ќе се појават идеи како што кажа министерот Лога и во други делови на Уставот треба да се направат унапредувања од процедурален карактер за унапредување на институции“, вели премиерот Димитар Ковачевски.

Од друга страна министерот за надворешни порача дека процесот во моментов не треба да се оптоварува со други теми, дека ЕУ агендата мора да биде на прво место.

Треба да се сконцетрираме на уставните измени за продолжување на процесот за Европската Унија затоа што се тие целосно технички, нема последици за државата и за заедниците, тоа го кажувам постојано, измените се потврдување на веќе она што е во Уставот“, вели Бујар Османи.  

Сепак, ставовите на првиот човек на Собранието, кој исто така доаѓа од ДУИ, укажуваат дека веројатно се размислува за поголем ремонт на Уставот. Талат Џафери на брифинг со новинарите порача дека доколку кај него стигне поголем пакет за уставни измени, тој ќе постапел согласно деловникот. Не ја исклучи можноста за интервенција и во делот на службениот и официјален јазик на Македонија.

Сето ова следува откако вчера министерот за правда, Кренар Лога, кажа дека кога веќе се отвора Уставот би требало да се интервенира и во делот на јазиците, како и во други технички аспекти на највисокиот правен акт.

И додека партиите од коалицијата на власт го подготвуваат теренот, опозицијата останува на истиот став – овој парламентарен состав нема мандат да го менува Уставот. Од ВМРО-ДПМНЕ дури и посочија дека не сите пратеници на СДСМ и ДУИ во моментов би гласале „ЗА“ односно дека нема консензус ни во власта.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста