Ковачевски си најде виновник: Обичните луѓе кои протестирале за Францускиот предлог биле виновни за евроскептицизмот кај Македонците

Обичните луѓе биле меѓу главните виновници што пораснал евроскептицизмот кај Македонците, смета Димитар Ковачевски, шефот на како што сами си ја нарекуваат најевропската Влада, во чие време драстично скока песимизнот кај обичниот човек во однос на членството во Европската Унија. Виновни биле граѓаните кои го изразиле своето незадоволство за Францускиот предлог, како и оние кои се револтирани за владините политики во однос на спорот со Бугарија.

-Вие знаете што се случуваше во текот на месец јули кога се гласаше во Собранието предлогот на Европската Унија за отпочнување на предоговорите, гилотињи, молотови коктели, импровизирани судења, протести, што се случуваше во Собранието и се е тоа едно сценарио. Доколку ги погледнете инцидентите што се случуваат изминатиов период на релација со Република Бугарија, изјави Ковачевски.

Виновни биле и други партии, кои Ковачевски не ги именуваше, но и странски сили кои сакале да ја закочат Македонија на патот кон Европската Унија. Спомена дека вина имало и кај Владата, морала да донесе тешки одлуки, кои на граѓаните не им се допаѓале, за да сме оделе кон Европската Унија.

-Тоа е заради тешките одлуки кои што Македонија мораше да ги донесе, тоа е според мене нешто што можеше да се очекува. Меѓутоа, сепак Европската Унија е единствена алтернатива која што нашите граѓани и доминантниот број на нашите политички партии го имаат за остварување, бидејќи друга алтернатива не постои, изјави Ковачевски.

Загрижувачки се бројките кога е во прашање евроскептицизмот кај Македонците, дури 34 проценти од испитаниците во анкетата на Евротинк сметаат дека членството во ЕУ не е добра работа, а поддршка за евроинтеграциите даваат само 49 проценти.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста