Ковачевски подготвен на се за фотелјата: Ќе бара од Брисел меѓународен мониторинг за „Монструм“ и други случаи

За глас плус за спас на Владата, Ковачевски е подготвен да го направи тоа што ни неговиот претходник Заев не се осмели, односно да бара меѓународен мониторниг за случаите „Монструм“, „Диво насеље“, „Алфа“, „Малиот Алмир“. Ова било условот на независниот пратеник, Скендер Реџепи, кој го иницирал кафе пиењето со премиерот, за да се договорат дали Реџепи ќе гласа во Сорбанието согласно насоките на премиерот.

Според неофицијални информации Ковачевски прифатил, а денеска пред камерите рече дека само ќе испрателе писмо до институциите.

„Имавме средба со Реџепи и ќе имаме средби. Разговаравме во однос на одреден број случаи за кои постоеше јавна дискусија за начинот на кој тие се воделе. Јас на ниту еден начин не сум се мешал во одлуките на правосудството, ниту тоа ќе го правам. Ниту ќе бидат консултирани правосудни странски органи, туку единствено нешто што може да се направи е до европската делегација да се испрати писмо за одредени случаи – дали тие би имале начин да направат одреден мониторинг врз тоа како тие случаи се водени. Доколку има таква можност, тогаш тие можат тоа да го направат во рамки на директивите на ЕУ. Доколку не, ќе одговорат. Писмото единствено има намера да докаже пред сите дека ние имаме правосудни органи кои функционираат независно. Тоа се потврди и денес со одлуката на Европскиот суд за човекови права“,вели Ковачевски.

Покрај овие четри случаи, за кои Ковачевски за да удоволи на Реџепи, ќе бара ЕУ преку свои експерти да ги ревидираат целите постапки од почеток до крај, може да се најдат и други случаи – на пример предметите за Никола Младенов, Љубе Бошковски.

Ова не е прв пат албанските партии да бараат меѓународен мониторнг за овие случаи. Пред речиси две  години токму ова беше и услов на Гаши за да влезе во Владата на Заев, исто и тогаш како сега – за неколку гласа плус во Собранието. Заев го прифати условот, но никогаш не го реализираше. Сега Ковачевски ќе го надмине и неговиот претходник, па е пред свршен чин да мора да испрати писмо и да бара друг да ги прегледува случаите во македонското судство, за кое СДСМ тврди дека е реформирано и расцутено.

Она што е проблематично, барем според дел од правниците и експертите од оваа област, е дека ваквиот чекор на Ковачевски значи директен упад на извршната власт во судството и поткопување на интегритетот и суверенитетот на државата.

Дека извршната власт и политичките партии не смеат да се мешаат во судската власт пред неколку години реагираше и Блупринт-групата за реформи на правосудството при хелсиншкиот комитет за човекови права, а стои и како забелешка во европските извештаи за напредокот на Македонија.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста