Ковачевски официјално ја отвори фабриката „Магна Мирорс“ во Струга , која работи веќе цела година

Канадската компанија„Магна Мирорс“ која веќе една година работи со производствени капацитети во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга,официјално беше пуштена во употреба дури денес, а на црвениот тепих придружуван од вицепремиерот за економски прашања Битиќи, лентата ја пресече премиерот Ковачески. Никој од оние кои се обратија на говорницата не кажа чија заслуга е донесување на канадската компанија во Македонија, кога почнале и како течеле преговорите. Ковачески додворувајќи им се на враборените кажа дека знаел како се организирал производствен процес во технолошката индустија и оти не бил политичар кој кариерата ја градел по кабинети во Влада и во институции, туку во приватен сектор исто како нив.

А ме критикуваат луѓе кои што никогаш во животот не кренале нешто потешко од спајалица и кои што за тоа кревање спајалица им го плаќаат оние како Вас и како мене кои што работат, креираат врености и плаќаат даноци и затоа посебно сакам да ги поздравам вработените во компанијата „Магна“ и ги замолувам сите кои што се седнати тука со овие убави кравати во првиот ред да дадат аплауз за нив, рече Премиерот Ковачевски.

А во првиот ред меѓу другите со вратоврски на себе седеа пот- преседателот на канадската компанија Манга , директорот на ТИРЗ  и вицепремиерот Битиќи.

Инаку во моментов во копанијата која произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се испорачуваат на најзначајните производители на автомобили во светот има 350 вработени,а се работи за инвестиција вредна 35 милиони евра. Фабриката се простира на површина од 17.000 метри квадратни. Целта била во наредниот период бројот на вработени да изнесува 1000.

Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски порача дека очекуваат двојно да се зголемат странските дирекни инвестиции.

Меѓутоа милионите евра не значат толку многу бидејќи тоа е опрема,тое се објекти кои што припаѓаат на некои компании, она што е посебно важно е тоа што во рамки на тие инвестиции предвидени се и отварање и веќе дел се отвараат нови работни места, рече Јован Деспотовски – Директор на ТИРЗ.

Да не се вработеа тука сите млади ќе требаше да заминат надвор од државата доколку сакаат да работат во Магна, рече Ковачески, но не за колку пари работат во фабриката во Македонија, а колку земаат вработените во истоимената компанија во странство.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста