Ковачевски од Плаошник: Овде одекнува вечната и непобитна вистина за македонскиот идентитет

Делегација на Владата, Денот на сесловенските просветители го одбележа и во црквата Плаошник во Охрид – местото каде е основан и дејствувал првиот Словенски универзитет. Местото каде најгласно одекнува вечната и непобитна вистина за потеклото на нашиот македонски јазик, на нашата македонска писменост, култура. Нашиот македонскиот идентитет.

„Од ова парче земја го црпиме старословенското наследство кое е суштински дел од културното наследство, на сите словенски народи, меѓу кои и македонскиот народ. одејќи по стапките, на сесловенските просветители, Св.Кирил и Методиј – Св. Климент Охридски ја развил охридската книжевна школа“ – рече премиерот Димитар Ковачевски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста