Ковачевски не успеа да побегне од новинарите: Конечно проговори за францускиот предлог,не кажа ништо

Османи, Макрон, Вархеји, Петков, па и Борисов и Радев. Сите преговараат и разговараат за францускиот предлог за решението за спорот со Бугарија. Само за премиерот на Македонија Димитар Ковачевски немало ништо ново, се било исто како во Брисел, каде барем официјално го одби документот од Париз. По неколку дена конечно се појави во јавноста, на настан за кој Владата не ги информираше медиумите, а премиерот се обиде да ги избегне новинарите, но не успеа.

-Јас ќе ве упатам само на мојата прес конференција која што ја имав во Брисел и ставовите кој што таму ги изреков се истите ставови во овој момент, изјави Ковачевски.

Врелиот костен во овој момент премиерот го префрли кај Министерството за надворешни работи, чиј министер Бујар Османи, кажа дека францускиот предлог не е целосно одбиен. Ковачевски вели тие преговарале, а штом ќе имало конечно решение тоа ќе било објавено.

-Во моментов нема ништо ново во однос на тоа што беше разговарано денот кога беше прес конференцијата, пардоно со каблите. (Добро, значи немаме ништо, што правиме со Бугарија во моментов?) Како што ви кажував и до сега процесот со Бугарија се води со министерството за надворешни работи (А вие сте им шеф) Министерството за надворешни работи со совите експерстки тимови разговара со Министерството за надворешни работи во Бугарија, изјави Ковачевски.

Без споменување на било какви промени и корекции во предлогот на Макрон, тоа е решението и за еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. Вели бил прифатен од Бугарскиот Парламент и е тежиште за решение на спорот, одбивањето барем официјално од Ковачевски како да не постои за него.

-Имам голема надеж дека меѓувладините конференции со Албанија и Македонија, може да се одржат за неколу денови. Овие држави испорачаа се што беше побарано. Подготвени се и треба да бидеме и ние. Сега имаме решение на масата кое беше одобрено од бугарскиот парламент така што сите пречки се надминати. Европа мора да оди напред, изјави Вархеји.

Предлогот од Париз за кој Османи демантирајќи својот барем на хартија шеф Ковечвски, кажа дека не е целосно одбиен, е речиси едногласно прифатен во Бугарија. Сите се на ставот дека таму сите бугарски барања, сега стануваат услови на Европската унија.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста