Ковачевски не одговори како оди бизнисот со фотоволтаици на неговата сопруга

Ниту се фали ниту се жали – граѓаните немаа можност да дознаат како оди бизнисот со фотоволтаици на сопругата на премиерот Димитар Ковачевски, па од тоа да извлечат поука дали е исплатливо да се инвестира во обновливи извори на енергија. Прашан дали е задоволен од тоа како се развива бизнисот, првиот човек на Владата даде одговор кој речиси и да не кореспондираше со прашањето. Прстот го впери во опозицијата дека секогаш кога ќе ја промашеле работата, се занимавале со герила акции.

Сум го одговорил веќе на ова прашање и на собраниска говорница и во овој прес-центар и на други прес-конференции. Би му порачал на лидерот на опозицијата дека секогаш кога ќе ја промаши работата какао во јануари и февруари дека ќе има ново парламентарно мнозинство што излезе дека не е точно, веднаш посегнува по герила акции и некакви кампањи кои немаат никаква реална основа – изјави премиерот Ковачевски.

Иако прашањето беше со цел да добиеме негов впечаток за таков тип на бизнис, Ковачевски почна да се правда дека се што поседувал тој и неговото семејство било уредно пријавено во анкетниот лист. Нешто, што Алфа воопшто не го спомена.

Се што имаме јас и моете семејство е пријавно во анкетниот лист и во сите регистри, на УЈП, Централниот регистар и таму може се да се провери. Инаку, да, обновливите извори се иднината, а ние, имајќи стратегија, сме едни од лидерите во регионот што и реално се потврдува – додаде Ковачевски.

Токму за ова ќе бидат наменети и дел од парите кои земјава ги доби како помош од Европската Унија.

Овие пари ќе се користат за субвенции за сметките за струја, за поддршка на малите и средни претпријатија, како и за инвестиции во енергетската транзиција – изјави евроамбасадорот Дејвид Гир.

Овие 80 милиони евра се дел од вкупно 225 милиони евра што Владата ги планира за мерки за справување со енергетската криза во 2023 година.

Адријана Алкесиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста