Ковачевски нема намера да докаже кој плати за неговите деца да шетаат во САД

Премиерот Ковачевски нема намера на јавноста транспаретно да и покаже кој го платил патувањето на неговите деца во Соединетите држави каде владината делегација беше во работна посета една седмица. Прво Вујче од Америка, а сега екскурзијата на децата не била на товар на буџетот, вели премиерот без да одговори дали има намера да покаже кој е финансиерот.

Ќе се одважите транспарентно да покажете кој го плати патувањето на вашите деца во САД?

Димитар Ковачевски, премиер на РМ

Сите мои патувања кои се службени и на членовите на делегацијата се според, јас тоа го одговори веќе, се спроред процедурите во Владата, меѓутоа патувањата на другите членови на моето семејство за нивни приватни активности се нивна приватна работа и немаат допирна точка со буџетот на државата, вели Димитар Ковачевски, премиер на РМ

Одговорил, но не покажува. Како е платено за хотелското сместување на децата, дали тие престојувале во истиот хотел со останатите членови на делегацијата, како е платено за децата за време на прошетките на членовите во Вашингтон и во Њујорк, дали  децата се превезувале со службени возила? Голем број прашања остануваат нејасни иако премиерот тврди дека приватните патувања на децата немаат допирна точка со буџетот на државата.

Веќе петти ден, од Владата нема одговор колку членови броела делегацијата и колку чини прекуокеанската работна посета.

Според пишаните правила за протокол, за време на работната посета не е задолжително ниту присуството на сопругата, а за тоа што премиерот си ги понел и децата, експерти коментираат дека во најмала рака тоа е неморално политичко однесување, особено што Македонија е на врвот на ранг листата најсироомашни земји во Европа.

Ова не е првпат КОвачевски да ги помеша членовите на делагцијата и членовите на неееговото семејство. Лани во Рим кај Папата ја поведе својата ќерка, па несмасно пред јавјоста се правдаше дека таа била дел од делегацијата.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста