Ковачевски и Груби се сплеткаа за договорот за автопатиштата

Ковачевски и Груби со контрадикторни и спротивставени изјави. Кој ја зборува вистината? Премиерот вели дека допрва ќе го праќа договорот за коридорите 8 и 10д до Јавното обвинителство, а вицепремиерот дека тоа веќе било напревно. Од друга во Обвинителството велат дека ништо не добиле.

„Надлежниот јавен обвинител кој постапува во предметот за кој покажувате интерес, уште од неговото оформување веднаш испрати Барање за доставување на податоци и на договорот до ЈП ‘Државни патишта’, но до овој момент до обвинителството не е доставен одговор од нивна страна“,
Премиерот вели дека тој дал амин обивнителите да добијат примерок од договорот. Сепак, според законот за кривична постапка тоа не е ни потребно – ако обвинителството побара доказ, тоа не е избор туку законска обврска да биде направено.

  • Можам да ве информирам дека Владата веќе донесе одлука согласно со степенот на доверливост на договорот со која е овластено Јавното претпријатие за државни патишта да го достави до Јавното обвинителство договорот, со оглед на тоа дека имаше многу прашања кои се однесуваа на тоа дали постоела можност за некакви влијаниа итн., а кои беа демантирани од Владата и сите претставници бидејќи станува збор за една од најреномираните американски компании кои работат на вакви големи проекти. Тој договор ќе биде доставен до Јавното обвинителство, па на нивно постапување понатаму да ги испитаат сите наводи кои беа кажани од страна на политички партии, од страна на медиуми, од страна на поединци итн, вели Димитар Ковачевски.

Со ова премиерот го демантираше вицепремиерот. Груби уште минатата недела на брифингот со новинарите тврдеше дека обвинителството веќе поседува еден примерок. Исто така рече дека договорот има степен на доверливост, па јавноста никогаш нема да го види.

Договорот го побараа и од антикорупциска, но и тие останаа покуси. Засега постои само рок во кој Јавното претпријатие треба да им го достави и нив. Иако ниту обвинителството ниту антикорупциска го немаат договорот, сепак властите на големо со свечени табли го најавија почетокот на изградбата.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста