Ковачевски ги правда функционерите: Трошеле државни пари за членство во ЕУ и НАТО, не биле сами во кафеана

ЕУ и НАТО ги изеле скапите бифтеци и вина, функеционерите не биле сами во кафеана, туку со странците работеле за интеграции, а се тоа на државна сметка. Вака премиерот Димитар Ковачевски го оправда трошењето на 16 и пол милиони денари државни пари од владините функцонери во 2021-ва година, која иако кризна и пандемиска, минала со исти бројки, како и претпандемиската 2019-та. Најави дека вакви торошоци треба да очекуваме и нардениот период, бидејќи ни доаѓале европски делегации, а и нашите оделе во Брисел.

-Мора да бидеме свесни дека ние работевме интензивно на зачленување во НАТО, имаше голем број делегации кои доаѓа на ниво на Влада од НАТО со оглед на интеграцијата воена, политичка во НАТО сојузот. Истото сега се случува со европските интеграции, имаме голем број на делегации кои доаѓаат тука, меѓутоа имаме и голем број делегации наши кои одат на скринингот во Брисел, изјави Ковачевски.

Сепак високо на листата котира на пример и еден Насер Нуредини, кој како министер за животна средина, нема толку чести средби со странците, па потрошил речиси 35.000 евра на име репрезентација, а не штеделе баш многу ниту сите други. Премиерот вели тие трошоци им биле дозволени со уредба на Владата. Вели и не сме частеле само ние и нас еднаш не почастиле во Бугарија, кога била да преговара македонската владина делегација.

-Прво бугарскиот премеир таму не бил сам, беше цела негова делегација половина Влада, беше наша половина Влада, заедно со советници, изјави Ковачевски.

Најмногу пари потрошил министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вкупно 2 милиони и 335 илјади денари. За авиобилети   976 илјади, 472 илјади за хотелски сместувања. Во 2021-ва се гоштевал и премиерот Димитар Ковачевски.

Од позиција на тогашен заменик министер за финансии, потрошил 70.000 денари, трошоци за мобилен телефон и за услугите каде државните мензи и бифеа, каде на менито има Млад јунешки бифтек и јунешки рамстек, октоподи и останата морска храна. За кои Владата плаќа 70.000 евра годишно.  

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста