Ковачевски бил премиер на „идна Западна Бугарија“- лош хумор на Еди Рама, кој му беше смешен само нему и на никој друг

На премиерот Димитар Ковачевски му е смешно кога Македонија ја нарекуваат идна Западна Бугарија. Вчера вечер во Солун, во друштво на германскиот канцелар Олаф Шолц, албанскиот премиер Еди Рама со невкусна шега го претстави Ковачевски како премиер на идната Западна Бугарија. На оваа шега изненадувачки гласно се насмеа Ковачевски.

Идна западна идна Западна Бугарија, кажа Рама, на што слатко се насмеа Ковачевски.

На ваквиот срамен потег на Николоски реагираше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Преку фејсбук статус порачува дека после вакво понижување и газење на се македонско, Ковачевски мора веднаш да си поднесе оставка.

-Еди Рама државата ни ја нарекува ,,идна западна Бугарија” , а премиерот Ковачевски се смее слатко! Тоа што го кажува Рама значи дека Македонија ќе биде окупирана од Бугарија и ќе стане ,, западна Бугарија” . И на тоа првиот човек на Македонија која се понижува пред негови очи и уши од Еди Рама слатко се смее! Се смее! Какво понижување, какво газење на се што е Македонија! ОСТАВКА ВЕДНАШ!, пишува Николоски.

Она што во овој случај покрај невкусната шега загрижува е што македонските власти воопшто не реагираат на секојдневните провокации кои на оваа тема доаѓаат од Бугарија, а сега и од Албанија.

Во моменти кога Бугарија не блокира на европскиот пат, бараат да сме признаеле дека македонскиот јазик не постоел пред 1945-тата година, односно дека бил дијалект, да признаеме дека Делчев покрај македонски бил и бугарски национален херој. По се ова, невкусно изгледа и кога премиерот на Македонија се смее на вакви зборови.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста