Ковачевски бил отсутен кога министрите гласале неговата сопруга да добие државно земјиште за 70 денари за квадрат

Скандалозно изземање на премиерот – не присуствувал на седницата на која се одлучувало, неговата сопруга да купи земјиште за 70 денари од квадрат па затоа немало конфликт на интереси.

Наместо одговорност, Димитар Ковачевски дури и се пофали со неговата постапка – во духот на доброто владеење. Тој ги известил вицепремиерката Славица Грковска и генералниот секретар на Владата, дека немало да присуствува на седници на кои се дискутира или одлучува за правни точки наведени во листот што го има доставено до ДКСК, а содржи што неговото семејство и тој поседуваат.

Јас и членовите на моето семејство тоа што го поседуваме е многу јасно и транспарентно наведено во анкетниот лист што го имам поднесено во ДКСК и таму може точно да се види каде јас имам удел, каде член на моето семејство има удел пред да стапам на функција. Второ, согласно со тој анкетен лист од моја страна поднесен до ДКСК, јас имам испратено и известување до вицепремиерот за добро владеење и до генералниот секретар на Владата во којшто нотирам и информирам дека доколку на седница на Влада се дискутира или се одлучува за точки поврзани со правните субјекти наведени во мојот ажуриран анкетен лист, објавен на ДКСК на нивниот веб сајт, моето учество треба да се изземе од одлучување и присуство на Владата, за што треба генералниот секретар да ме информира, за што ме информирал, заради спречување на каков било конфликт на интереси, вели претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.

За ВМРО-ДПМНЕ оваа реторика на Ковачевски е вистинско потценување на народот. Ја отворија и дилемата, кој би верувал дека премиерот не влијаел на одлуката на Груби, да го потпише земјиштето на неговата сопруга на седница на влада. Ковачевски рече и дека тој самиот има удел во компанија, но не учествува по точки на одлучување, за што ВМРО-ДПМНЕ му одговори дека е фатен жив како прави пари додека е премиер.

Сопругата на Димитар Ковачевски не ја вмешаа ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту медиумите, туку самиот Ковачевски. Факт е дека сопругата на Ковачевски влегува во бизнис од над 1 милион евра додека тој е премиер, а земјиште добива со потпис на Груби. 1.8 мегаватна фотоволтаична централа ќе гради фирмата СОЛ Груп 5 во сопственост на сопругата на Ковачевски додека тој е премиер. За таа цел добива и над 1000м2 државно земјиште со потпис на Артан Груби и Одлука на влада по цена од 70 денари за м2 – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Елена Ковачевска полека ги завршува сите обврски кои произлегуваат од отпочнувањето на нејзиниот бизнис со фотоволтаици па сега веројатно ќе пристапи кон обезбедување дозволи за изградба на централата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Бизнисот со струја очигледно е еден од омиленните на семејството Ковачевски. Како што претходно објави опозицијата, првиот бизнис е основан од Димитар Ковачевски, уште кога не беше на премиерското столче, преку фирмата Пиксел Груп, чиј сопественик сега е неговиот кум, Горан Паунов.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста