Ковачевски бега од дуел со Мицкоски: Дали договорот со Бехтел и Енка крие многу тајни?!

Молк од Владата и СДСМ, нема одговор дали премиерот Димитар Ковачевски ќе ја прифати поканата за ТВ дуел со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. И владиниот и партискиот ПР, како да не го виделе настапот на лидерот на опозицијата, каде јавно го повика премиерот на ТВ дуел. Дополнително и Алфа постави прашање дали ќе биде прифатена поканата, но одговор се уште не добивме.

Според познавачите ова јасно покажува дека власта се обидува да сокрие што е договорено со Бехтел и Енка и не сака да открие колку пари точно ќе не чини овој проект. Новинарот Дарко Јаневски за Алфа вели очигледно е дека има голем број штетни последици за Македонија, поради што власта не би сакала на виделина да излезат детали од потпишаното за коридорите 8 и 10Д. 

-Договорот очигледно не е добар, има премногу изнесени аргументи против него и сосема е јасно зошто Ковачевски одбива, ако има дуел ќе треба да се отворат сите работи. Нема врска дека тој е некаков доверлив или не знам што таму, тој е чист облигационен договор и тој може да се презентира пред јавноста. Тоа што не е добар е причина што Ковачевски одбива да излезе на ТВ дуел и да се презентира се што треба да се презентира, вели Јаневски за Алфа.

Мицкоски го повика на ТВ дуел Ковачевски, да се отвореле картите, за граѓаните да видат што државава потпишала со Бехтел и Енка. Го повика премиерот доколку не можел слободно на помош на ТВ дуелот да земе и како што го нарече вистинскиот премиер Али Ахмети и колку сака министри.

-Нека не се крие, нека не бега од Македонија, знаеме дека е на подолго патување, на спринг брејк патување, нека се врати нека дојде да излеземе пред македонската јавност и да дебатираме. Ако ме убеди и ако ја убеди македонската јавност, тогаш опозицијата манипулира, како што тие љубат да речат од коалицијата на ДУИ и СДСМ. Но, ако јас го разубедам, тогаш очекувам да понесе одговорност, изјави Мицкоски.

Ковачевски се уште немал јавен дуел со лидерот на опозицијата. Мицкоси во повеќе наврати го кани на ТВ соочување на различни теми важни за граѓаните и државата, но досега не добил позитивен одговор од својот политички ривал.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста