Кичевски и Христовски дебатираа во „ За или Против“ за скадалозниот договор за коридорите

Изградбата на коридорите 8 и 10 д, уставните измени или предвремени збори и што се случува со Скопје беа главните теми на разговор во вечерашното издание на политичкиот магазин „ За“ или „ Против“ . Своите ставови ги вкрстија Васко Кичевски – претседател на градска организација на СДСМ и Бојан Христовски – претседател на градскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ .

Договорот со „ Бехтел и Енка “ предизвикува толку дилеми зашто се прави тајно, вели Христовски. Тој порача дека  и државата и јавноста треба да е запознаена со договорот кој има многу спорни моменти според она што го дознале од свиркачи. Меѓу другото како што наведува Христовски, договорот предвидува суспендирање на законот за градба и отвора можност за корупција 

Договорот за коридорите 8 и 10д се прави тајно,  не би имало дилеми доколку договорот е јавно објавен. Се бара измена на 8 закони во кои меѓу другото на пример доколку не се смени Законот за работни односи во делот на работното време не се смени во даден рок од 45 дена ќе се плаќаат пенали од 53 милиони евра и за секој месец дополнителни пари од околу 2 милиони евра. Ништо не е почнато на терен има само една табла, а  и пред потпишување на договорот имаше трошоци или се исплаќаа 4 експерти од по 300 илјади евра“ вели Бојан Христовски – претседател на градски комитет на ВМРО – ДПМНЕ

Кичевски реплицира дека станува збор за класифициран договор затоа што тоа е на барање на „Бехтел и Енка“, а до крајот на неделата ќе биде предаден на јавното обвинителство и пред пратениците со безбедносен сертификат. Кичевски вели дека го нема видено договорот и не може да тврди или да негира дали е вистина дека ќе се плаќаат пенали.

Да почнеме со тезата дека е договор кој е скриен . Се работи за класифициран договор кој  има меморандум класифицирано за одредени технолошки процеси . Договорот е потпишан врз основа на Законот кој е донесен во 2020 година кога ВМРО – ДПМНЕ немаше забелешки . Втора работа е тезата за 60 часа работа неделно. 60 часа неделно ќе се овозможат доколку се согласат работниците да работат 60 часа . Што е разликата , ако ги донесеме законите – рокот за изградба ќе се скрати од 6 години на 4 години и 7 месеци и договорот помалку ќе чини  . Договорот ќе го видат пратениците кои имаат сертификат, од сите членови на политички партии оваа недела. До крајот на неделата ќе биде даден и на јавното обвинителство, рече Кичевски.

По однос на прашањето за Уставни измени, Христовски го повтори ставот на партијата дека нема да гласаат за Уставни измени и бараат предвремени избори . Кичевски порача дека членовите на работната група имаат легитимитет , а избори ќе има в година, во редовниот термин.

Двајцата поранешни директори на ЈП Паркинзи со спротиставени ставови за градот Скопје. Кичевски вели, Скопје никогаш не бил во полоша состојба, а пак Христовски посочува дека се случува културен натпревар помеѓу градоначалниците на ВМРО – ДПМНЕ во метрополата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста