Катастрофално образование: Експертите критикуваат, наместо решенија – министерот жали што немало резултати

Ако образовниот систем не претрпи сериозни и длабински измени, учениците и во иднина ќе се соочуваат со лош успех и ниски оценки, вели за Алфа професорката Весна Јаневска по скандалот со примениот испит во „Орце Николов“ каде од 292 ученици со сите петки, само 11 покажале одличен успех. Просветарите велат дека и наставниците и родителите мора да посветат повеќе внимание на процесот. Бараат сериозни реформи и итна департизација во образованието, а не да им се поклонуваат оценки на учениците, кои наместо добро, им прават поголема штета на децата.

  • Jaс сметам дека потребно е сега и веднаш да почне целосна департизација во секторот образование односно влијанието на политиката да се сведе на минимум во образовните институции. Децата, родителите, наставниците, сите заедно да придонесат за тоа. А не преку врски да им се даваат само петки, кои на учениците ќе им донесат само штета и ништо повеќе. Само на тој начин би можеле да добиеме образование кое ќе почне да наликува на високо развиените држави. Сите овие случувања во образованието, но и во општеството предизвикуваат намалување на мотивацијата за работа кај работниците, а тоа се пресликува кај учениците, вели меѓу другото за Алфа професорката Весна Јаневска.

Реформите треба да ги спроведува власта. Таа во изминатите години спроведе многу, кои главно предизвикиваа проблеми и забуни кај учениците и кај наставниот кадар. Министерот за образование, како директно надлежен, наместо одговорност вели дека му било жал што резултатите кои ги посакувал не можеле да станат видливи.

  • Искрено да ви кажам, дали сум задоволен од резултатите, не сум, разочаран сум од послените случувања во скопската гимназија „Орце Николов“, каде голем дел од учениците вештачки добиваа петки, односно одличен успех. Да се имаат прдвид, но и да се испитаат и педагошките и психолошките причини зошто имаа вакви влијанија во резултатите. Ако сакаме да се изгради здрав образовен систем кој ќе функцинира и ќе дава резултати, треба сериозно да се поработи, а ќе работиме и ќе придонесуваме сите заедно за конкретните состојби не само со последните случувања во гимназијата „Орце Николов“ туку воопшто во образованието, вели меѓу другото за Алфа министерот за образование Јетон Шаќири.

Само во гимназијата „Орце Николов“годинава се запишаа 292 основци или 40% од предвидениот максимум. Од нив сите биле со сите петки, по што се организираше приемен испит кој беше катастрофален. Според тестирањето само 11 ученици оствариле повеќе од 76% од вкупно 170 бодови од тестот, односно имале 130 бодови и повеќе. Толку според критериумите би добиле петка. Ниту еден од тестираните основци не успеал да го реши тестот за максималните 170 поени.

Инаку, тестирањето во оваа гимназија го покажа осакатеното образование кое го докрајчи долгата пандемија, но и штрајкот на просветните работници кои добија ветување за 15%, односно 18% поголеми плати. Паралено, учениците ги чекаат и сведителствата полни петки, кои се уште не се ни набавени.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста