Каменоломите во струшко Лабуништа повторно работат, мештаните се заканија со протести

Жителите на струшко Лабуништа, најавуваат масовни протести,блокирање на патишта, бојкот на наставата и граѓанска непослушност доколку најдоцна до 1-ви октомври не се повлече целата механизација од каменоломите кои после 2 години повторно почнаа со работа,иако своевремено со одлука на Влада истите беа затворени.

Но најверојатно тоа беше за потребите на локалните и парламентарните избори, после завршувањето на сите тие избори и времето што помина од 2 години,истите тие каменоломи се вратија на нашава територија односно сите каменоломи почнаа со работа – изјави Алим Салоски – претседател на здружение “Натура лаб”-Лабуништа.

После два изборни циклуси и многу лаги и ветувања,“фотељашите ” го изгубија слухот за проблемите на лабуништани и повторно ја активираат рак раната на 15.000 жители кои гравитираат на територијата на која се наоѓаат каменоломите-велат од еколошкото здружение Натура Лаб.

Имаше договори да се сретнеме со градоначалникот на Струга и со министерот за економија кој многу ветуваше, ама испадна од сето ветување само лажење,до тоа не дојде бидејќи знаат до кој степен се работите.Затоа упатуваме апел до сите институции да не си играат со овој народ, да си превземат мерки и во што поскоро време да ги повлечат сите машини за да не дојде до радикализација на оваа состојба. Да не гледаат интерес само за нивните џебови почнувајќи од локалната самоуправа па се до централната власт – додава Салоски.

Здравјето ни е нарушено, а домовите уништени бидејќи каменоломите се оддалечени само 200 до 400-метри од куќите,вели Салоски кој поседува лекарска потврда во која стои дека во пердиод од јануари 2022-та има пораст на малигните заболувања. На барање на здружението Натура лаб направено е испитување на водата каде е констатирано присуство на колиформни бактерии и загадување на земјоделските површини.

Инаку Управниот суд поништи одлука за одземање на конецисија на една од 6-те каменоломи во околина на Лабуништа,што дополнително ги зовре страстите кај лабуништани кои бараат од надлежните институции црно на бело-дали каменоломите работат легално ?

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста