Како Љупчо Николовски еден месец живее без дебитни картички?!

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски повеќе од 40 дена живее без платежни картички.Како плаќа, како пазари како функционира? По оправдувањето дека ги изгубил дебитните и кредитните картички додека бил во Брисел и затоа не знаел колкаво покачување на плата добил. Се поставува прашањето нема ли министерот мобилна апликација па да знае кога и колку пари добива на сметка ?

Не стивнуваат и реакциите на социјалните мрежи – граѓаните прашуваат од што живее министерот последниот месец откако останал без картичките.

Е од што живее нека каже ?

А што има веза ако ги изгубил, банките го знаат неговото примање и колку пари има на сметките.

Синко па немаш ли е-банкинг? Па како до функции кога немате електронско банкарство ?

Електронско банкарство користи или не знае како да го користи ? “ – ова се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Министерот Николовски е само еден од владините функционери чии плати пораснаа за 78 отсто. Тој пред новинарите не кажа на што ќе ги троши парите, туку рече кога ќе ги добиел ќе ги донирал.

Платежните картички ги изгубив во Брисел, и не знам колку пари имам на сметка, односно не знам колку плата добив, рече министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

Николовски не е единствениот владин претставник кој јавно одбива да каже колку му изнесува платата. Претходно и други министри во тимот на Ковачевски бараа разни изговори.

Инаку, од месецов околу 1.000 функционери добија зголемени плати за април, а граѓаните тоа годишно ќе ги чини над 15,5 милиони евра.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста