Како Љубомир Јовески напредува во судската и обвинителската кариера?

Љубомир Јовески е еден од главните виновници за довербата од само од 3 проценти во судството и 4 oтсто во обвинителството, ама нискиот рејтинг не го погодува државниот јавен обвинител обвинува опозицијата, туку тој си ја градел судската и обвинителската кариера само кога Соцјалдемократите се на власт.

Според пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, за сите поголеми афери -контроверзниот избор на Абази, симпатизерот на СДСМ, за поставувањето на Дамева за претседател на Судскиот совет, десетици истраги и предмети без епилог вината ја лоцираат кај Јовески.

  • „Една од причините за губење на довербата кај граѓаните во судството и обвинителството е вашата амбиција да се кандидирате за уставен судија. Во оваа игра на тронови, јас би сакала да ве запрашам директно и отворено, по чија нарачка вие почнавте да расчистувате со Вилма Русковска, ова треба да го знае јавноста“ вели Панова, Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

Ниту сум на трон, ниту владеам со Обвинителството. Јовески ги отфрла сите обвинувања од опозицијата и тврди многу придонел во својата професија а неговата професионалност можеле да ја коментираат само колегите-обвинители.

  • „Нема никаква борба помеѓу мене и Русковска. Има борба за владеење на правото, за правичноста, за обезбедување на доказите, за секој да си го знае своето место во рамки на законот за кривична постапка“ – рече Јовески, Државен јавен обвинител.

Пратениците од СДСМ останаа воздржани од бројните обвинувања од опозицијата за мешањето на извршната во судската власт и партиската книшка за напредок во обвинителските кариери.

Според Извештајот за работењето на обвинителството кој го разгледуваа пратениците 172 обвинители постапувале против 45.405 сторители на кривични дела, а нерешени останале 14.800 предмети. Оправдувањето за тоа на Љубомир Јовески му беше недостатокот на обвинители, дури 90 помалку според систематизацијата, а и недоволниот кадар во службите.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста