Како се зголемуваат притисоците така се зголемуваат и апетитеите – дел од албанските партии со услов за уставни измени

На што се е подоготвена Владата на Ковачевски, само за да ги исполни уценувањата на официјална Софија? Како се интензивираат подготовките за уставните измени, така партиите ги зголемуваат аптетите. За Беса сега можно е услов за да дадат поддршка за внесување на Бугарите во Уставот, да биде укинувањето на формулацијата „20%„ од Уставот кое се однесува на Албанците.

Првиот човек на движењето Беса и претходно бараше бришење на фамозните 20% од Уставот, но досега не условуваше дека ќе го притисне тастерот ЗА барањата на источниот сосед, само доколку бидат прифатени нивните барања.

Во исто време оценуваме дека нашите аргументи за укинувањето на 20% се исто толку силни како и аргументите за внесувањето на бугарската заедница. Така да ако има такво разбирање од нас како опозиција да ги поддржиме уставните измени со внесувањето на бугарската заедница во Уставот, очекуваме од друга страна иста таква поддршка и од албанските партии и од македонските партии што евентуално ќе се дефинира 20%, што е понижувачки за Албанците, треба да се избрише од Уставот и да се замени со албански јазик., рече Касами на тв 21.

И старо-новиот партнер во Владата, Алијанса на албанците се се погласни дека формулацијата 20% мора да се избрише, дали и тие како и Беса ќе го условуваат Ковачевски со нивните гласови, засега не се знае. Она што е познато е дека Таравари неколку пати рече дека се внесување на бугарите во Уставот, но и тој пред помалку од една година постави услови неговата партија да гласа ЗА.

Ние ќе гласаме начелно ама ќе имаме услови. Од Уставот да се тргне 20% од албанскиот јазик, практично да се користат како службени јазици..,изјави тогаш Арбен Таравари – Алијанса на албанците (22.11.2022)

Таравари ова го зборуваше од позиција на опозиција, дали и сега како власт ќе условува е отворено прашање, особено откако за неколку пратеника плус, Ковачевски ја расипа калимерата со партијата на Гаши и како свој партнер ја зема партијата на Таравари.

Бројка 80 пратеника кои се потребни за отворање на Уставот се повеќе се чини дека е недостижна за властите, ако Беса и Алијанса не гласаат за уставните измени бројката што на Ковачевски му треба е невозможна мисија, освен доколку не ги исполни барањата на албанските партии, за да може да ги задоволи уцените од бугарските власти.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста