Како од „НЕ“ за бугарски услови спакувани во француски предлог, власта свитка кичма и прифати се

Предлогот во ваква форма каква што е во моментов е неприфатлив за мене, дециден беше Премиерот Димитар Ковачевски.

2022-ра, 23 јуни и први јули. Од историското „не“ за само една недела до големото „да“ за францускиот предлог.

Да живеат граѓаните, да живее Република Северна Македонија, порача Премиерот Димитар Ковачевски.

Во истиот стил на Ковачевски и првиот човек на државата и тој прво кажа „не“.

Сакаат да се вратат на својата стара теза која е срамна и невтемелена ни во науката, ни во фактите од историјата, рече Пендаровски.

Но и тој не чекаше долго да го промени ставот.

Предлогот според мене во оваа фаза, во овој формат е прифатлив, дециден беше претседателот Пендаровски.

Сепак промените во новиот предлог изгледа беа само во главите на нашите политички лидери, не и кај оние во Софија.

Се зависи од подготвеноста на Скопје. Од нив очекуваме државна и одговорна политика. Бугарија е подготвена да го потпише најновиот протокол од Мешовитата меѓувладина комисија, рече Генчовска.

Власта се обиде и се уште се обидува да продаде теза дека сме прифатиле добар предлог за Македонија, предлог кој бил различен од првичниот. Ковачевски ни ги кажа и кои условувања сепак нема да ги прифатиме.

Предлог кој би бил прифатлив, треба да ги гарантира клучните елементи, чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет, историските прашања не можат да бидат да бидат критериуми во преговарачката, преговорите меѓу Македонија и Европската унија да почнат пред отпочнување на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите, Црногорците во Преамбулата од Уставот, порача Ковачевски.

Сепак дали премиерот ја говореше вистината, чистата формулација на македонскиот јазик ни беше демантирана веднаш по потпишувањето на францускиот предлог и тоа од страна на тогашната министерка за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска.

Бугарија не отстапува во однос на ставот за официјалниот јазик на Република Северна Македонија. Целосно ја почитуваме одлуката на Народното собрание, според која Бугарија не го признава овој јазик , рече Теодора Генчовска на 17-ти јули.

Ветувано беше и дека историјата нема да биде услов во евроинтеграциите, сепак после се и ова излезе невистина. Од Бугарија секојдневно ни стигнуваат пораки дека или ќе прифатиме промени на историјата или ни следува можна нова блокада. А директни провокации ни доаѓа и од членови на заедничката историска комисија со Бугарија.

И ние како народ имаме јасно минато, како родово, така и семејно. Исто така и историските факти за нашите две страни, Бугарија и Северна Македонија се недвосмислени дека во минатото поголемиот дел од нашето население составувал една етничка група, односно еден народ, каков што бил на Вапцаров родот. Географски македонски и народно односно национално бугарски. Во тоа не може да има никакви сомнежи. Јас 31-ви октомври, порача Наум Кајчев член на заедничката историска комисија.

Како што ни кажа премиерот ниту уставните измени немаше да бидат услов за преговорите, но на крајот сеапк станаа за отворање на кластерите.

Прашањето за уставните измени е сериозно, тоа е државничко прашање, затоа што значи заокружување на процесот за отворање на кластерите, рече Ковачевски.

Францускиот предлог на улица ги извади и граѓаните, во голем број две недели секојдневно излегуваа да го изразат својот револт.

Сепак граѓанскиот револт не беше доволен за власта, па во Собранието си го протуркаа својот план.

Иако првично се обиде да го претстави како голема победа, како одминуваше времето премиерот почна по малку да ја признава вистината. Не било толкав успех, па дури и поради тоа му трпел рејтингот.

Голем дел од одговорите не ме изненадуваат со оглед на тоа дека тоа беше период на прифаќање на европскиот предлог, однос веднаш после прифаќањето, порача Ковачевски

На крајот сепак големата победа изгледа беше горчлива. Премиерот кој со кренати раце славеше во Собранието, по неколку месеци се жалеше дека преговорите со Бугарија биле како да го бодат со нож во стомакот.

Да живеат граѓаните, да живее Република Северна Македонија, додаде Ковачевски

Како некој со нож да ви го сече стомакот, рече Ковачевски

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста