Како европските држави им помагаат на своите граѓани да ја издржат енергетската криза која што ќе е уште поголема?

Десетици илјади луѓе излегоа на улиците ширум европа да протестираат против зголеменитре трошоци за живот и цените на енергенсите.

Во неделата во Прага на протест излегле околу 70.000 луѓе. Повикаа цените на енергенсите и инфлацијата да се стават под контрола преку зазамање на неутрална позиција за војната помеѓу Украина и Русија и повторно да се увезува гас од Русија.

– „Целта на нашите демонстрации е да бараме промени, главно во решавањето на прашањето за цените на енергијата, особено струјата и гасот, кои ќе ја уништат нашата економија оваа есен.“ – Истакна Јири Хавел – Еден од организаторите на протестите.

Државите ширум европа воведоа серија мерки за ублажување на ценовните шокови, но, тоа не ги предомислува демонстрантите.
Високите цени за живот на нозе ги кренаа и Германците. Партии од двете страни на политичкиот спектрум најавија жешка есен а главна причина за демонстрациите се цените на храната, гасот и електричната енергија кои неконтролирано растат.

– „Бидејќи нема гломазен пакет помош, ќе има силни протести на улиците. Почнавме во Лајпциг а веќе имавме демонстрации и во Франкфурт, а ќе имаме во Ерфурт. Ќе има многу други демонстрации низ цела Германија. И овие „жешки протести“, се надевам, ќе го задржат притисокот врз германската влада“ – Изјави Мартин Ширдеван од левичарска партија во Германија.

Во Чешка електричната енергија и гасот се ослободени од ДДВ. Енергијата од обновливи извори е ослободена од даноци. Националната банка ги кредитира малите и средни претпријатија преку финансиска помош без камата, додека пак за индустријата се воведени цела серија даночни ослободувања.

Во Германија на сиромашните семејства државата им ги покрива сметките за греење и финансиски ги подржува преку еднократни субвенции. Таму е намален и данокот на доход, како и даноците за превоз на студнети и лица со ниски примања, како и многу други финансиски ослеснувања.

19-те земји кои ја користат еврото како валута бележат рекордна инфлација и постојани поскапувања на цените на енергенсите. Годишната инфлација во земјите од еврозоната се зголеми од 8,9 отсто во јули на 9,1 во август, што е највисоко ниво од 1997 година.

Пред војната во Украина, Европа увезуваше половина од своите потеби за нафта од Русија. До крајот на оваа година се очекува Европската унија да забрани 90 проценти од увозот на руска нафта, но, не сите земји од Унијата се согласуваат со овој потег.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста