Како дојде така и си замина, Дамева два пати предизвика лавина реакции

Политика, а не право е причината за хаосот во Судскиот, па и во Обвинителскиот совет.  главните челници на правосудството дозволија целата држава да биде зачудена од нивното однесување. правната фела е разочарана од случувањата. Еден од нив е адвокатот Сашко Дуковски,  

Кој го коментира како што вели – каубојското разрешување на Весна Дамева. Правниците во Македонија тивко шепотат за раката на политика врз судскиот систем, но Дуковски е категоричен. Политиката го прави изборот на судии, но и хаосот, појаснува тој.

Апсолутно тоа е политика, без дилема. Имате ситуација на табори и во одреден период победува еден или друг табор, тоа било од кога е свети век на битусувањето на правото во Македонија

Не можете да бидете избрани за судија доколку некој не лобира за вас и не можете да напредувате во функцијата повторно ако некој не излобира за вас. Тоа се дите кланови и тие поделби во Судскиот совет, во Советот на Јавни обвинители. Така што нажалост е тажната вистина за оваа држава, вели Сашко Дуковски, адвокат.

Како што беше Дамева избрана со лавина реакции поради нејзиното претходно работно место и искуство, така и беше разрешена со уште поголема бура.

Таа пред да стане член на Судскиот совет, беше стручен соработник на судијката Добрила Кацарска во Кривичниот суд и без ниту еден ден судиски стаж,  беше предложена од претседателот Пендаровски да седне на главното столче во Советот. Ништо поразлично не е е ниту со нејзината претходничка, судијката Павлина Црвенковска која пред да влезе во советот беш стручен соработник во Апелација.

Дел од адвокатите коментираат дека е срамно Дамева или Црвенковска коИ никогаш не успеале да станат судии да бидат на такви позиции и тие да именуваат и разрешуваат.

Трет ден после разрешувањето на претседателката на Советот реакциите и понатаму не стивнуваат.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста