Како договорот за добрососедство на Заев и Борисов целосно го донесоа „непријателството“ меѓу Македонија и Бугарија?

Еден договор, два потписи, последица многу голем број проблеми. Она што го нарекоа добрососедство стана се освен добрососедство. Парафите на Зоран Заев и Бојко Борисов доведоа само до уште поголемо раздалечување меѓу две соседни земји и два соседни народи.

На први август 2017-та најавите беа сосем други. По потписите во македонскта Влада, ветувана ни беше светла европска иднина и тоа директно од поранешниот македонскиот премиер Зоран Заев.   

ТОНСКО ЗОРАН ЗАЕВ- поранешен премиер на Македонија 01.08.2017: Република Македонија и Република Бугарија направија историски чекор напред, изјави Заев при потпишувањето.

Мед и млеко течеше и од устата на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов. Со пофалби за властите од двете страни ни вети дека ќе ни бидат главна поддршка на европскиот пат.

-Затоа сакам да го поздравам и премиерот Заев, министрите за надоврешни работи и нивните тимови. Работеа неколку месеци исклучително активно, за да имаме потпишување на договор со толку убаво име, добрососедство, изјави тогаш Борисов.

Сепак реалноста е сосем друга. Наместо ветер во грб кон ЕУ, добивме неколку блокади на европскиот пат. Борисов кој ни вети поддршка, ни порача дека доколку не ги прифатиме бугарските услови, нема да можеме во Европската Унија.

Ние кажавме какви се нашите услови, за да бидат примени во Европската Унија. Тоа не е (по) желба, ако нешто не ти се допаѓа, никој не те кани, ни кажа подоцна Борисов.

Дека без прифаќање на бугарските уцени и условувања не можеме напред кон ЕУ, ни порача и бугарскиот претседател Румен Радев. За него проблем стана и како што го нарече воинствениот македонизам.

-Се соочуваме со важни одлуки и тешка дилема – што е можно побрзо да започнат преговори, во истовреме кога има јасна бариера со воинствениот Македонизам, кажа Борисов.

Ваквите потези на официјална Софија влијаеја негативно и на расположението на Заев, па насмевните кои ги имаше при потписот ги снема. По бугарското вето во 2020-та година, поранешниот премиер преку вонредно обраќање видно нерасположен говореше за грешките на источниот сосед во односот кон Македонија.

-Станува збор за неодговорна и тешка геостратешка грешка. Затоа сметаме дека причините за неодобрување на преговарачката рамка прават штета на фундаменталните принципи и вредности на Европската Унија. И се надеваме дека штетата што е предизвикана од ова неоправдано вето за европската интеграција на регионот и за европските вредности ќе може да се надомести бргу.

На темелите на договорот потпишан ден пред Илинден во 2017-та година, денес Бугарија ја условува Македонија и бара да направиме големи отстапки ако сакаме да напредуваме кон ЕУ. Како резултат на овој договор беше формирана и заедничка историска комисија, која до сега договори дека Цар Самоил, светите браќа Кирил и Методиј, Свети Климент и Свети Наум, покрај македонски биле и бугарски, додека пак Самоиловото царство во македонската историографија, под покровителство на шефовите во комисијата, Драги Ѓоргиев и Ангел Димитров, стана бугарско.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста