Како да е пишувано во Софија: Скандалозното „решение“ на Љубчо Георгиевски за решение на македонско- бугарскиот спор

Откажување од Македонците во Бугарија, откажување од македонскиот јазик пред 45-та, да сме признаеле дека Делчев бил и бугарски револуционер и битката за независна македонска држава ја водел на бугарски јазик, итно менување на историските учебници по бугарски терк. Ваков предлог за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија дојде од поранешен премиер. Би било очекувано да помислиме дека станува збор за бугарски, но во овој случај не, станува збор за поранешен македонски премиер, Љубчо Георгиевски.

Во својот предлог од 2021-ва година, тој бара македонските власти на ниту еден начин да не ги помагаат Македонците од другата страна на источната граница.

-Македонија да даде гаранција дека како држава со ништо нема да ги помага и подржува организациите кои бараат македонско малцинство во соседна Бугарија, се вели во предлогот на Георгиевски.

Ваквиот предлог на еден начин и го прифати македонската власт, а пример за тоа е дека е официјално од наша страна не беше поддржано отворањето на македонскиот културен клуб во Благоевград „Никола Вапцаров“. Прифатен беше уште еден предлог од Георгиевски, овој од страна на официјална Софија. Во декларацијата на бугарскиот Парламент за спорот со Македонија, јасно се наведува дека тие не признаваат постоење на македонскиот јазик пред 1945-та година.

-Бугарскиот Парламент да донесе декларација во која ќе изјави дека под поимот македонска нација и македонски јазик подразбира само нација и јазик кои се формирани после 1944 година и дека Бугарија со ништо не ги прифака тезите за кои смета дека се фалсификат, пишува во предлогот.

Кога е јазикот во прашање од страна на Георгеивски пристигна уште еден скандалозен предлог. Преку официјално писмо да сме кажеле дека македонските револуцинери битката против Османлиите ја воделе комуницирајќи на бугарски јазик.

-Официјално писмо и јазик на сите македонски организации во османлискиот период бил Бугарскиот јазик и писмо што се лесно проверливи факти. А бугарската страна да прифати дека тоа е добар приод и да се затвори јазичното прашање, се вели во предлогот.

Георгиевски иако дипломиран книжевник се стави и во улога на историчар, па предлагаше и решенија кои би требала да ги донесе историската комисија. Од македонска гледна точка и повеќе од скандалозни.

-Зедничката историска комисија да ја измени малку стратегијата:

Да се објават сите пет веќе потврдени личности плус Делчев како општ, заеднички без многу детали и плус Глигор Прличев за кого прво се согласиле па бугарската страна се повлекла.

Бугарската страна под итно да направи список на места од македонските учебници кои се навредливи за нив и тие да се се избришат без да се чека општата дискусија.

Македонската историографија да ги потполни важните биографски моменти на важни личности. На пример фактот дека Гоце, Даме, Ѓорче и стотици други биле учители на бугарската егзархија, не-мала работа која ја криеме, се вели во предлогот.

Петте точки кои според поранешниот премиер се решение на спорот, се прифатливи ако гледаме преку бугарски очила, но целосно неприфатливи за секој обичен македонски граѓанин. Против овој предлог на Георгиевски говореше и поранешниот премиер Зоран Заев, кој е потписник на оној договор за добрососедство, по кои започнаа сите проблеми кои и ден денес Македонија ги има во однос на спорот со Бугарија.

Инаку, Георгиевски важеше за еден од најголемите патриоти и борец за македонска независност. Сепак неговата реторика се промени во 1998-та кога дојде до власта и премиерското столче. Тогаш од голем патриот почна да ја менува својата реторика, а како што и самиот кажа подоцна бил бугарофил.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста