Какви кадри стануваат директори? Првиот човек на Бирото за Метрологија до неодамна не знаел што работи институцијата

Какви кадри стануваат директори во Македонија? Првиот човек на бирото за метрологија призна дека до неодамна не ни знаел што работи институцијата со која сега раководи. Мислел дека тоа има врска некаква врска со времето, а не со мерните инструменти. Авдуљ – Селам Селами инаку е кадар на ДУИ и поранешен заменик-директор на УЈП.

Новиот директор на Биторот за метрологија, институција под надлежност на Министерството за економија Авдуљ-Селам Селами, рече дека до неодамна не знаел што работи институцијата. Селами кој е член на ДУИ и поранешен заменик-директор на УЈП, покрај објаснувањето за значењето, достигнувањата и плановите на ова Биро меѓу другото рече и дека тој до пред некое време мислел дека ова е наука за времето, а не за мерните инструменти.

  • Метрологијата е наука за мерењата, метрологијата нема врска со временска прогноза во која што и јас, очигледно да ви кажам, до пред некое време грешев, мислев дека е наука за времето, рече Селами пред присутните.

Селами по професија е дипломиран правик, а негово прво вработување било инспектор во УЈП. Потоа беше заменик директор на Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, потоа бил заменик директор на Управа за јавни приходи, па член на Управен одбор на Клиниката за невролоија и член на Управен одбор на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје.

Инаку, Бирото за метрологија е одговорно за контрола на сите мерни инструменти во државата, располага со девет лаборатории преку кои се врши калибрација и тестирање на мерилата – водомери, струјомери, калориметри, но и бензински пумпи, ваги и слично.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста