И првиот вицепремиер си доби северномакедонска етикета: За Сорос стана северномакедонски вицепремиер!

Северномакедонска етикета залепена и на Артан Груби. За Александар Сорос, која сега ја води фондацијата Сорос, првиот вицепремиер на Македонија стана северно-македонски вицепремиер. Според фотогарфијата објаверна на Твитер профилот на синот на Џорџ Сорос, може да се заклучи дека средбата се одржала во кабинетот на Груби. Она што е проблематично, за ова никаква реакција нема од заменикот на Димитар Ковачевски.

-Одлично што постовторно се сретнав со мојот добар пријател С. македонскиот вицепремиер Артан Груби. Разговаравме за ОтворенБалкан и започнувањето на пристапните преговори со ЕУ- ново поглавје на европскиот пат. Северна Македонија навистина е светилник на надеж за Европа и Западен Балкан!, напиша Сорос јуниор.

Додека Груби не се најде погоден од северномакедонски, а молкот е главна одлика и на целата македонска власт, реагираат странците. Во овој случај холандскиот експерт за Западен Балкан, Ханс Ван Ден Берг на Твитер напиша дека северномакедонски не постои, а дека некој што не го знае тоа нема основно познавање од состојбите на Западен Балкан.

-Не постои такво нешто како ‘северномакедонски’, само македонски. Ова го знае секој студент од прва година на балкански студии. Другиот твој македонски пријател, Никола Димитров, напиша јасно, веднаш по ‘Преспа’, за тоа како треба и како не треба. Неверојатно е тоа што ви недостига основно познавање на најважните работи на Западен Балкан, порача Ван Ден Берг.

Иако власта не убедуваше дека по Преспанскиот договор сме имале бетон идентитет, реалноста е друга. Ова не е прв пат да сме Северномакедонци кои говорат северномакедонски јазик за странците, тоа досега беше пракса многу пати.

-Северномакедонци, ни порача Габриел Ескобар

-Северномакедонци, ни порача Макрон

-Северномакедонско, ни порача Макрон

-Северномакедонци, ни порача Лорд Џорџ Питерсон

-Дали има посебна северномакедонска нација? гласеше прашање до Османи.

Покрај овој проблем Македонија ги губи кратенките МКД и МК, тие како последица од договот крај Преспанското езеро се почесто стануваат НМК. Ова сепак не е проблем за министерот за надворешни работи Бујар Османи. Наместо објаснување зошто се менува кратенката, вели не било важно дали ќе седиме на масата до земја чие име почнува на Н или на М.  

-Не смееме да отвориме прашања кои се затворени. Кодот на Република Северна Македонија е МКД и МК. Неформалните распоредувања на местата на седење на столчиња, дали ќе биде според првата буква или, дали ќе седите до Норвешка или Монтенегро(Црна Гора), е прашање кое што не е формално и не е уредено со никакви регулативи, изјави Османи.

Она што е проблем е што ретко реагираат македонските власти, еднаш само реагираше токму Османи, дообјаснувајќи го Макрон, дека направил грешка за која се извинил.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста