И по 129 дена никаков епилог за скандалозното однесување на Талат Џафери

129 дена откако Талат Џафери недолично ги навредуваше вработените во Собранието.
Собраниските служби кои беа мета на пцостите и навредите на Џафери, како и јавноста, чекаат повеќе од 4 месеци за тоа дали институциите ќе превземат чекори за однесувањето на собранискиот спикер, или едноставно, како што побара тој, ќе ги казнат вработените во МРТ и собранискиот канал.

Засега нема епилог од пријавата за прекршување на етичкиот кодекс на која се потпишаа 22 пратеници. Комисијата за мандатно имунитетни прашања требаше да одлучи дали на спикерот ќе му изрече јавна опомена или суспензија, но, никогаш не го направи тоа.

Не поминаа две недели откако јавноста ги слушна пцосите на Џафери, нов скандал изби во Собранието. Пратениците беа заклучени во пленарната сала под изговор дека треба да бидат пребројани. Ни за ова немаше никаков епилог.

Ваквото однесување на Талат Џафери не е изненадување, тој и додека беше пратеник правеше скандали, најголем беше тепачката со неговите колеги.

Џафери од улогата на главен собраниски воспитувач, кој често преферира физички пресметки и недолично навредување како главни воспитни методи за вовоедување ред по негов терк, сега стана и уставен судија, па така своеволно дојде до заклучок дека иницијативата за референдум била против-уставна.

Според пропипишаните надлежности, спикерот имаше три опции при рака. Да ја врати иницијативата кај предлагачот поради административни недостаотици. Да ја достави пред пратениците на пленарна седница, тие да одлучат дали е уредна или не, или едноставно да ја проследи пред надлежните собраниски комисии, тие да решаваат по однос на нејзината уредност.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста