И оваа нова година ќе ја дочекаме без снег

Во пресрет на новогодишните и божиќни празници, институциите ги споделуваат информациите за се што можеби ќе ни биде потребно и што може да очекуваме за време на прославите. Она што со сигурност не треба да го очекуваме, е снегот, кој ќе не заобиколи и за оваа Нова Година.

Од управата за хидро-метеоролошки работи велат дека во престојните празнични денови не очекува релативно стабилно време.

– „За време на новогодишната ноќ, времето ќе биде претежно ведро и тивко. Понатаму продолжува периодот на стабилно време со релативно високи дневни температури, со појава на магла или ниска облачност во оделни котлини и таму температурите ќе се здржат нешто пониски, особено топло ќе биде на повисоките места за време на викендот и почетокот на следната седмица.“ – Вели Јована Тасеска од управа за хдрометеролошки работи.

Од републичкиот совет за безбедност во сообраќајот велат дека поради празниците се очекува поголема раздвиженост на луѓе и почести патувања, а со тоа и зголемен број на возила во сообраќајот, за време на пониски температури и лизгави коловози. За избегнување на несакани ситуации, препорачуваат доследно следење на правилата и прописите.

– „Да не се брза доколку се доцни и така да се ризикува својот и животот на останатите учесници во сообраќајот, да се управува технички исправно возило и да не се користи мобилен телефон дури се управува, да се става сигурносен појас што е законска обврска, да се одржува растојание помеѓу возилата и да се почитува законската обврска за зимска опрема која треба секое возило да ја поседува“ – Велат од републички совет за безбедност во сообраќајот и патиштата.

Од министерството за животна средина имајќи ја во предвид прогнозата на УХМР и зголемените концентрации на ПМ10 честички со препораки како да не придонесуваме кон влошување на загадениот воздух.

• Возилата да не се користат без поголема потреба.
• Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време.
• Да се користи јавниот превоз.
• За затоплување на простории да не се користи прегорено масло, лакирани или обоени одпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал.
• Правилно да се користат печките за дрва.

Од министерството за здравство и институтот за јавно здравје препорачуваат најранилвите категории на граѓани, деца, стари лица и хронично болни да го ограничат движењето на отворен простор во загадените зони од градовите.

Од јавното сообраќајно претпријатие на Град Скопје информираат дека на први, во недела, првите вклучувања на автобусите ќе бидат подоцна од вообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред. Истите состојби ќе се повторат и во понеделник, додека во вторник, јавниот превоз ќе започне да сообраќа по редуциран делничен зимен распоред поради училишните распусти.

Билетарниците и жичарата до планината Водно на 31ви во сабота ќе работат до 17 часот, а на први и втори јанури нема да работат.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста