И на 40 степени и силно сонце на улица: Граѓаните гласно кажуваат НЕ за францускиот предлог

Со повик за оставка, граѓаните остануваат на улица жестоко кажувајќи НЕ на францускиот предлог.  Ниту температурата од речиси 40 степени, не ги поколеба луѓето да останат пред Владата и на силното сонце да испратат порака дека документот на Макрон е неприфатлив.

Пред камерата на Алфа порачуваат дека негово прифаќање ќе биде голем пораз за Македонија и македонските национални интереси.

Масовен протест ќе има и вечерва, само сега предвидено е да се маршира од Владата, до МНР и со финиш пред Собранието. Целта е јасна, да се разубедат македонските власти во намерите да го прифатат францускиот предлог.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста