Италија ја подржа идејата на Франција за формирање на посебна заедница наместо проширување

По Франција и Италија изразува поддршка за формирање на посебна европска заедница за земјите од Западен Балкан, Грузија , Молдавија и Украина. Откако францускиот претседател Еманел Макрон ја наметна идејата за паралелна заедница со Унијата, францускиот весник „Монд“ пренесува дека италијанскиот премиер Марио Драги изразил поддршка за ваквата идеја, со што ќе би им се овозможила опцијата земјите економски да ѝ се приклучат на Европската Унија но под услов да ги почитуваат европските вредности.

Доколку ваквата идеја стане реалност, тоа ќе значи и индиректна порака дека Франција повторно нема да дозволи проширување на Унијата, а тоа можеби ќе значи дека Македонија и Албанија во пакет наместо преговори ќе добијат утешна награда и членство во посебна заедница.

Ова не е првпат Франција да го запре проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан. Во 2019-та францускиот претседател остро кажа не за проширување на Унијата, а сега и во очи на јунскиот Самит Париз и натаму смета дека ЕУ се соочува со премногу внатрешни проблеми за да дозволи преговори со земји од Западен Балкан, затоа преку ваквата заедница ќе правеле анализа на политичкиот простор.

Македонската влада пак ја поздравува идејата на Макрон, била одлична можност за обединување и напредок на оние држави кои се уште не ги почнале пристапните преговори со Унијата.

Додека од Илинденска ова го претставуваат како одлична понуда, министерот за надворешни работи  контра таквите ставови, понудата не се однесувала за нас, Македонија не се гледа како дел од новонајавената посебна европска заедница бидејќи требало да го завршиме процесот на проширување кој веќе го имаме започнато.

По ваквиот чекор на Париз станува јасно дека на патот на македонските интеграции очигледно не стои само бугарското вето, туку и ставот на француското претседателство. По новите бугарски ултиматуми, и шефот на македонската дипломатија ја потврди и информацијата дека и други земји членки на ЕУ немаат кончен став околу тоа што треба да стане дел од преговарачката рамка на Македонија и Албанија.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста